Серискиот убиец од Кипар е осуден на седум доживотни казни

Кипарскиот Грк, воен капетан, осуден е на седум доживотни казни откако се изјасни за виновен за убиство на пет жени и две деца.

35 годишниот Никос Метаксас се изјасни за виновен по 12 точки поврзани со убиства со предумисла и киднапирање на седум лица, кои дошле од Филипини, Романија и Непал во период од две години.

Двете убиени девојчиња, на возраст од шест и осум години, биле ќерки на убиените жени.

Извршителот е разведен татко на две деца. Жртвите, кои работеле како домашни помошнички, ги пронаоѓал на интернет и ги убил во периодот меѓу септември 2016 и август 2018 година.

Началникот на полицијата доби отказ, а министерот за правда поднесе оставка по протестите поради лошо спроведената истрага, при што исчезнувањето на жените не се сфаќаше сериозно бидејќи исчезнатите жени биле од странство.

Исчезнат е дедо Мирослав

Исчезнат е Мирослав Видовски.

Го нема седум дена. Дедото има 73 години и живее во Центар, на улицата „11-ти октомври“, од каде му се губи трагата.

Неговото семејство се јави во Канал 5 порачувајќи доколку некој има било какви информации да се јави на бројот 077-626-145 и да ја информира госпоѓа Милка.

Повредена 18-годишна девојка откако во неа удрил возач на голф

 Осумнаесетгодишна девојка од Тетово е тешко повредена во сообраќајна несреќа на булеварот „Видео Смилевски-Бато", вчера околу 18:30 часот, откако во неа удрило патничко моторно возило „фолкваген голф" со тетовски регистарски ознаки.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи,  во Т.А (18) удрил 47-годишниот Ш. Х. од Вејце кој управувал со „голфот".

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила 18-годишната девојка, која потоа била пренесена во болницата во Тетово, соопшти денеска МВР.

Увид на местото на сообраќајката извршила екипа од СВР Тетово.

УЈП ќе постави информативни пултови за мерката за поврат на ДДВ

 Управата за јавни приходи (УЈП) денеска попладне ќе постави пулт „Мој ДДВ" во Веро 2 Тафталиџе во Скопје, каде граѓаните ќе можат да се информираат за мерката поврат на 15 проценти од пресметаниот ДДВ.

Вакви промоции на Мој ДДВ во наредниот период ќе се случуваат во повеќе градови низ државата, најави УЈП. 

притисни ентер