Презентација на извештај за застапеноста на детските права во работата на Собранието

Извештај за застапеноста на детските права во работата на Собранието во периодот од јануари до 23 јуни годинава ќе презентира денеска Првата детска амбасада во светот Меѓаши.

На презентацијата на извештајот, како што најавуваат организаторите, јавноста ќе бидат информирана за степенот на застапеност на детските права генерално во Собранието.

Извештајот е изработен во рамките на проектот „Имплементација на Конвенцијата за заштита на правата на детето во Македонија", спроведуван од Коалицијата на младински организации СЕГА, Првата детска амбасада во светот Меѓаши и Младински образовен форум, а со поддршка од Детската фондација Песталоци. /МИА

ВМРО-ДПМНЕ: Правда и правна држава нема се додека се штитат партиските функционери

Правда и правна држава нема се додека се штитат партиските функционери блиски до Заев. 

Се додека разни „Кики, Фрики и специјални обвинителки" се недопирливи за истрагата и заштитени од Заев, Македонија ќе тоне во криминал, корупција и рекет. Се додека законите не важат за градоначалници што киднапираат и малтретираат или генерални секретари што договараат тендери, Македонија нема да добие датум за преговори.

Власта на СДСМ на чело со аболицираниот Заев по кој зна кој пат застана на страната на криминалот. Криминалната банда продолжува да ги лаже и манипулира граѓаните по политичко-медиумско-криминалниот октопод.

Целта е спас на политичката кариера на еден човек, Зоран Заев. Зоран Заев е главата на новиот криминален октопод.

Токму поради оваа причина се штитат останатите поранешни и актуелни високи функционери на власта и СДСМ.

Кои се Кики и Фрики, одговор на ова прашање мора да има, мора да се дознае кои високи државни и партиски функционери биле вмешани во овој нов мега скандал?

Каква е инволвираноста на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева и поради која причината и беше одземен телефонот?

Рускоска обвинителството мора да се ослободи од стегите на власта, овој случај мора да се расчисти до крај. Мора да се стигне до главата на октоподот на чие чело е единствениот политичар во Европа кој е три пати амнестиран за криминал. Се додека овој случај не се расчисти, и оваа криминалната банда не си замине од власт, Македонија нема Европска иднина. Правната држава е далеку од реалност, а датумот за преговори со Европската Унија само уште едно лажно ветување на Зоран Заев.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Тревога на аеродромот во Белград, евакуирани 130 патници

Утринава од аеродромот „Никола Тесла” во Белград беа евакуирани 130 патници и пет члена на екипажот од авионот на германската компанија „Луфтханза“ поради најава дека има бомба во авионот.

Авионот како што пренесуваат српските медиуми бил во подготовка за лет кон Франкфурт кога пристигнала дојавата, а на аеродромот веднаш биле испратени полициски екипи.

„Сите одговорни служби, вклучувајќи ги аеродромските услуги, веднаш реагираа во согласност со процедурите за да обезбедат највисоко ниво на безбедност за патниците и авионите, како главен приоритет”, се вели во соопштението на аеродромот.

Од таму додаваат и дека воздухопловниот сообраќај, се одвива според предвидениот распоред за летови.

СДСМ: Мицкоски бега од лидерска, реформи и од јавноста

Христијан Мицкоски да излезе пред граѓаните и да одговори дали се сретнал со еден од осомничените, на кој му е одредена мерка притвор.

Мицкоски бега од лидерска, Мицкоски бега од реформи, Мицкоски бега и од јавноста.

Наместо да бега, Мицкоски да излезе и да и одговори на јавноста, на граѓаните:

Дали со еден од осомничените на кои им е одредена мерка притвор имал неколку средби во една позната дискотека, а потоа и во белиот дворец?

Дали посегнал по парите на еден од осумничените?

Мицкоски е против правдата затоа што единствена негова мисија и цел е одбрана на криминалот на вистинскиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Мицкоски и штети на државата и работи против датум за преговори.

притисни ентер