Седници на три собраниски комисии

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање, за образование, наука и спорт и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на собраниската Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање се Предлог извештајот за работата на Комисијата на Собранието во 2018 година и утврдување на предлогот на двајца пратеници за учество во работата на Комисијата за селекција и избор на работници од Управата за безбедност и контраразузнавање формирана од Владата.

Комисијата за образование и наука ќе ги разгледува статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје во прва фаза и информацијата за состојбите во основното образование.

Членовите на Законодавно-правната комисија ќе расправаат по Предлог-законот за контрола на надворешно трговскиот промет со необработени дијаманти во вторно читање и по статутот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" во Скопје во прва фаза. /МИА

Чавушоглу во Скопје на средби со Заев, Димитров и Османи

Шефот на дипломатијата на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, по покана од министерот за надворешни работи Никола Димитров, престојува во официјална посета на Македонија.

Севкупните билатерални односи помеѓу двете традиционално пријателски земји и можностите за зајакнување на соработката во сите области од заемен интерес, се темите за кои ќе разговараат на денешната средба министрите Димитров и Чавушоглу, најавија од МНР.

За време на посетата, во просториите на Министерството за надворешни работи на Македонија, Димитров и Чавушоглу официјално ќе ја пуштат во употреба техничката опрема за дигитализација на дипломатскиот архив на Министерството. Проектот е поддржан од Министерството за надворешни работи на Република Турција, а финансиран од турската агенција за соработка и развој – ТИКА.

Се предвидува министерот Чавушоглу да се сретне и со претседателот на Владата на Македонија, Зоран Заев, и со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи. /МИА

30 дневен притвор за Боки 13

Барањето на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција е остварено, на Бојан Јовановски- Боки 13 му е одреден 30 дневен притвор од страна на Кривичниот суд. Повеќе информации во текот на утрешниот ден.

Одземен и е мобилниот телефон на Катица Јанева

Oобвинителството за организиран криминал вечерва во рамките на претресите за случајот со рекетот од 1,5 милиони евра, било и во домот на Катица Јанева, специјалната јавна обвинителка што денеска си поднесе оставка

Повеќе информации во видеото.

притисни ентер