На чешкиот премиер не му е јасно зошто стотици илијади протестираат против него

Чешкиот премиер Андреј Бабиш не може да сфати зошто 280 000 Чеси вчера излегоа на протест со барање за негова оставка .

Премиерот Бабиш вели дека Чесите нема зошто да бидат несреќни когадржавата напредува. ,,Ми изгледа дека луѓето стануваат се понезадоволни кога им даваме се повеќе пари.”, вели премиерот.  

Бабиш денеска изјави дека во Чешка никогаш не се живеело подобро.

Вчера над 280 000 граѓани излегоа на улиците на Прага на најголемиот протест во поновата историја на земјата. Тие бараат оставка од владата на Бабиш , поради корупцискиот скандал во кој премиерот ги користел европските фондови за лично богатење преку своите фирми.

Андреј Бабиш е втор најбогат човек во Чешка , а полицијата уште во април побара од обвинителството да покрене кривична постапка за измама со парите од европските фондови , кои се користеле преку компаниите на Бабиш и на членовите на неговото семејство.

Заев: Добрососедството продолжува, нема враќање назад

Договорот за пријателство со Бугарија стави крај на системот кој ги труеше односите меѓу двете земји – вели премиерот Заев во интервју за БГНЕС.

Историските факти според него во врска со заедничката историја се јасни, и од нив како што вели нема бегање. Во интервјуто, Заев кажува и дека во двете држави постојат структури од минатото кои како што вели, не се радуваат на постигнатото од договорот.  

Заев во интервјуто вели и дека до септември очекува конкретни резултати од мешовитата комисија за сите отворени прашања од историјата. Комисијата како што посочи тој има поддршка од него и од неговиот бугарски колега Борисов, за да ги реши сите прашања, во духот на добро соседството.

Во интервјуто Заев меѓу другото истакнува и дека коридорот 8 конечно треба да се реализира, но и пругата која ќе ги поврзува Скопје и Софија. Заев се осврнува и на улогата на БПЦ во решавањето на проблемот со статусот на МПЦ. Во меѓувреме, новиот грчки премиер Кирјакос Мицотакис, за време на гласањето доверба на неговиот кабинет, од парламентот порача дека процесот на интеграција на земјава во ЕУ, како алатка за притисок и поддршка за брендот “Македонија” се двете точки на кои ќе се фокусира неговата влада, за да ги ублажи последиците од преспанскиот договор.

Владата денеска треба да даде зелено светло за новиот закон за ЈО

Државниот јавен обвинител треба да ги преземе предметите од СЈО и да не го чека законското решение за да нема застој во одвивањето на постапките пред судовите, вели за Канал 5 поранешниот  претседател на Врховниот суд Дане Илиев.

Тој вели дека секое тактизирање негативно ќе се одрази за имиџот на јавното обвинителство и за предметите. Според Илиев, државниот јавен обвинител Љубомир Јовевски треба да одлучува и за тоа кој ќе застане на чело на веќе предложеното - Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција, позиција за која премиерот Заев рече дека ќе ја преземе обвинителката Вилма Рускоска. 

“ Мислам дека за тоа кој треба да раководи со одделите на ЈО треба да се овласти и да биде доминус јавниот обвинител на Македонија. Не може некој друг да бира обвинители и така натаму, мислам дека со тоа се навлегува во неговите надлежности околу условот што му ги дава како орган кој гони сторители на кривични дела. Од таму кој ќе раководи за организиран криминал треба да одлучи јавниот обвинител на Македонија. Сите други варијанти да го бираат Совет на јавни обвинители , да дадат мислење, мислам дека е клучно за инволвирање на политика. “ вели Илиев.

Поранешниот претседател на Врховен вели дека треба да се преиспита работата на сите обвинители од СЈО, за да се утврди дали имаат одредена инволвираност во предметот “Рекет”. Доколку не се утврди одговорност, вели тој, тие треба да продолжат со работа.  

Министерката за правда Рената Дескоска писмено за Канал 5 вели дека личната одговорност не треба да се врзува со одговорноста на целата институција. Јавното обвинителство е тоа кое ќе истражи дали други лица се инволвирани, или не, вели Дескоска.

По објавувањето на новиот предлог закон за јавното обвинителство се отворија и прашањата што ќе се случува со нелегално прибавените прислушувани разговори. Од Министерството за правда велат дека иднината на овие материјали се препушта  и уредува со Законот за кривична постапка.

Јанева се појави на прес конференција во СЈО, не одговори на новинарски прашања

Откако минатиот понеделник даде оставка која коинцидираше со објавувањето на аферата рекет, специјалната обвинителка Катица Јанева денеска дојде во СЈО.

Таа  се обрати  на јавноста на прес конференција но не одговори на новинарските прашања.. таму е нашиот репортер Михајло Видимлиски.

Повеќе во видеото.

притисни ентер