Се судрија два германски воени авиони, едниот пилот загина

Два воени авиони Еурофајтер на германските вооружени сили се судрија во североисточната германска држава Мекленбург-Западна Померанија, при што еден пилот загина.

Пилот од трет авион, кој исто така учествувал во маневрите, видел како двајцата пилоти се катапултирале, по што го пријавил инцидентот. Падобранот на едниот пилот се закачил за стебло и откако го пронашле спасувачите укажана му е потребната медицинска помош.

Портпаролот на германската војска за „Билд“ изјави дека другиот пилот не го преживеал падот.

притисни ентер