Аналитичарите оценуваат дека промените не ги оправдаа очекувањата

Предложената владина реконструкција не ги исполни во целост очекувањата на јавноста за т.н. метла, ценат политичките аналитичари ден по доставувањето на предлогот на премиерот Зоран Заев за смени во министерските редови.

 Поранешниот пратеник Насер Зибери смета дека на кадровски промени требаше да претходи темелна анализа, врз основа на темелните принципи на добро владеење.

Политичкиот аналитичар Владимир Божиновски, оценува дека реконструкцијата е козметичка во однос на тоа што се најавуваше во кампањта помеѓу двата круга на претседателсите избори..

В среда пратениците ќе расправаат за предлозите на премиерот. Најголемата промена е во Министерството за финансии од каде си заминува Тевдовски, а раководењето го презема самиот премиер. 

Покрај Заев, нови министри стануваат и Трајан Димковски во земјоделство, Горан Милевски за локална самоуправа, а Нуредин Нуредини доаѓа во ресорот животна средина. Садула Дураку пак од еколошкиот секторот  преминува во министерство за политички систем. Дуракукој предизвика низа контраверзии со своите настапи, а деновиве и со својата биографија каде како вештина наведува познавање на интернет експлорер, има целосна поддршка од партијата за извршување на функцијата.

Резимето на предлогот за министер за култура, Хусни Исмаили, професор на Медицинскиот факултет во Тетово, исто така го привлече вниманието на јавноста. Уредување на радиоемисии  се аргументите со кои Исмаили ја бара поддршката за избор. Покрај ова, Исмаили навел и дека македонскиот го владее како странски јазик.

Во биографија на Заев како предлог за прв финансиер може да се прочита за целиот животен пат на премиерот – од растењето во земјоделско семејство, преку успешната кариера во фирмата на неговиот вујко, до успесите како политичар и претседател на Влада.

притисни ентер