Дали некој намерно го кочи судењето за „Монструм“?

Повторното одложување на „Монструм” одново ги актуелизираше дилемите дали зад овој предмет стои некој кој не сака случајот за петкратното убиство кај Смилковското езеро да добие судска разрешница.

Неодржувањето на закажаното рочиште предизвика револт кај родителите на убиените момчиња, кои повторно побараа од судот да се декласифицираат пет телефонски броеви кои биле прислушувани со пим мерки, за кои тие тврдат дека се на функционери од ДУИ.

Горан Наќевски , татко на убиениот Александар и денеска истакна дека додека е ДУИ на власт случајот нема да се реши и ќе се одложува со години.

– Дајте ни го класерот со државна тајна. Ние веќе и ги знаеме функционерите на ДУИ, Сафет Незири, Бујар Османи, Невзат Бејта, Беким Незири, рече Наќевски.

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи ги отфрли овие обвинувања. Тој рече дека од ДУИ уште од почетокот на судењето побарале поголема транспарентност во процесот. Тој рече дека во јавноста има одредено чувство кај етничките заедници дека имаме етничка пристрасност, односно наклонетост при носење на судските одлуки во зависност од етничкта припадност на сторителот на дејството,

 “ Немам апсолутно никакви сознанија. Веројатно уште некој ден ќе ме спомнуваат и за убиството на претседателот Кенеди. Тоа прашање и тој предмет е веќе во судски инстанции и очекуваме што побрзо да се разрешат сите дилеми бидејќи очигледно јавноста е сензитивна на епилогот од тоа прашање. ДУИ уште од почеток побара поголема транспарентност на тој процес, бидејќи очигледно не беше доволно транспарентен штом граѓаните не се убедени во доказите и побаравме поголема вклученост на меѓународните институции  за да гарантираат кредибилитет во процесот. Очигледно е дека во јавноста имаме одредено чувство кај етничките заедници дека постои етничка наклонетост при носење на судските одлуки во зависност од етничката припадност на сторителот на дејството. И за да ги потврдиме научно или да ги отфрлиме ваквите перцепции во јавноста со ОБСЕ почнуваме иницијатива за научно потврдување на евентуален етнички  бајаз во судството преку одбирање на рандомни случаи од минатото на слични дела кои што ги вршеле сторители од различна етничка припадност за да видиме дали одлуките на судот се засноваат односно се наклонуваат во зависност од припадноста на граѓаните. Очекуваме да видиме дали ова е перцепција или навистина тоа е така, доколку е така претстои сериозен процес на ветинг во судството. “,вели Бујар Османи – вицепремиер за европски прашања.

Денешното рочиште беше одложено поради необезбедено присуство на двајцата сведоци кои требаше да дадат исказ.  Судијата Осман Шабани на судењето телефонски побара информација од полициските станици Бутел и Гази Баба зошто сведоците не се донесени во судница, на што доби одговор дека едниот сведок бил недостапен, односно куќата која била наведена во неговата адреса била продадена. Додека другиот сведок веќе еднаш сведочеше пред судот и наметна теза дека автомобилот “опел омега” со кој се превезувале извршителите на убиството е во сопственост на МВР.

Овој сведок треба да се појави повторно заради повторување на постапката откако врховниот суд во 2017-тата ги укина пресудите и го врати предметот на повторно одлучување, кој пак сега го води специјалното јавно обвинителство.

Следното рочиште за овој предмет е закажано за први јули.

Јанушев: Продолжуваме уште посилно од сега

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да биде меѓу граѓаните.

Денес сме во Крива Паланка каде што имаме огромен одѕив на граѓани кои се дојдени овде во акцијата „Разговори за обнова на Македонија“.  Да ги искажат своите проблеми, за кои што ние како политичка партија земаме обврска да понудиме решенија во новата изборна програма.

Она што имавме прилика да го видиме, да се случува деновите е всушност нешто што наназад некој период го кажувавме, и го соопштувавме и апелиравме всушност до криминално рекетарската влада на Заев е дека без вистински реформи Македонија не може да се придвижи напред.

За жал, на штета на сите граѓани на Република Македонија, едноставно беа со оваа одлука казнети поради погрешните политики на Зоран Заев.

Она што го очекуваме во следниот период имајќи во предвид за каков човек станува збор, нема да не изненади доколку излезе и всушност целата вина се обиде да ја префрли на ВМРО-ДПМНЕ.

Меѓутоа нашиот народ е свесен што се случува така да сметаме дека еден ваков обид ќе биде само всушност јалов обид за обид за дефокусирање повторно на јавноста.

Продолжуваме уште посилно од сега. Продолжуваме со нашата кампања за обнова на Македонија и за многу брзо се она што ќе имаме прилика да го слушнеме од граѓаните, ќе излеземе не само со програма туку и по формирањето на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ тоа да го реализираме, и да овозможиме подобар живот за граѓаните на оваа држава.

Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ          

Грчки медиуми: Политички случувања во Скопје по ветото од Франција

Медиумите во Грција ги пренесуваат изјавите на првите луѓе на Еврокомисијата, Жан-Клод Јункер и на Европскиот совет, Доналд Туск и на шефот на француската држава Емануел Макрон, но и на претседателот Стево Пендаровски.

„Ветото од Франција предизвика политички случувања во Северна Македонија"; „Бура во Скопје по кажаното „не" од ЕУ"; „Разочараност во Северна Македонија"; „Политички земјотрес во Скопје", се дел од коментарите во грчките медиуми по завршениот Самит на ЕУ, а случувањата во земјава беа дел и од синоќешните централни изданија на вестите на грчките телевизии, но и на насловните страници на денешните изданија на весниците, jави дописничката на МИА од Атина.

Медиумите во Грција ги пренесуваат изјавите на првите луѓе на Еврокомисијата, Жан-Клод Јункер и на Европскиот совет, Доналд Туск и на шефот на француската држава Емануел Макрон, но и на претседателот Стево Пендаровски, информирајќи за вонредната лидерска средба закажана за в недела, а во текот на вчерашниот ден пишуваа и за наводна оставка на премиерот Зоран Заев.

Грчката телевизија Антена коментира дека Франција ја блокираше европската перспектива на Северна Македонија, а државната телевизија ЕРТ, во прилогот во централното издание на вестите, коментираше дека постои разочараност во Северна Македонија.

– Европа им заврти грб на Скопје и Тирана. Зоран Заев и Еди Рама се враќаат со празни раце, коментира телевизијата Стар, додавајќи дека блокадата од Макрон предизвикува разврска на Балканот.

Во текот на вчерашниот ден во грчките медиуми кружеше информацијата за наводна оставка на премиерот Заев. Дел од информативните портали во Грција се повикаа на веста објавена од италијанската новинска агенција АНСА, додека пак во централните вести на телевизиите, новинарите коментираа дека постојат шпекулации за оставка, но и демант од Владата на Македонија.

– Според новинарски информации Ангела Меркел му се јавила на Заев и побарала да не поднесува оставка, додека пак и други странски лидери го повикаа премиерот на соседната земја да продолжи по патот на реформите, пишува Катимерини.

Паралелно медиумите во Грција ги пренесуваат и ставовите на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, кој на вчерашната прес-конференција од Брисел рече дека резултатот не е добар ни за Балканот, ни за Грција, говорејќи за проширувањето на Унијата, односно како што рече за прашањето „за кое за жал не успеавме да се договориме"./МИА

Премиерот Заев одговараше на новинарски прашања

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев денеска се обрати пред граѓаните.

Тој ја искажа својата разочараност околу европското „НЕ“. По обраќањето, премиерот одговараше на новинарски прашања.

Сите прашања и одговори може да ги проследите во видеото.

притисни ентер