Дали некој намерно го кочи судењето за „Монструм“?

Повторното одложување на „Монструм” одново ги актуелизираше дилемите дали зад овој предмет стои некој кој не сака случајот за петкратното убиство кај Смилковското езеро да добие судска разрешница.

Неодржувањето на закажаното рочиште предизвика револт кај родителите на убиените момчиња, кои повторно побараа од судот да се декласифицираат пет телефонски броеви кои биле прислушувани со пим мерки, за кои тие тврдат дека се на функционери од ДУИ.

Горан Наќевски , татко на убиениот Александар и денеска истакна дека додека е ДУИ на власт случајот нема да се реши и ќе се одложува со години.

– Дајте ни го класерот со државна тајна. Ние веќе и ги знаеме функционерите на ДУИ, Сафет Незири, Бујар Османи, Невзат Бејта, Беким Незири, рече Наќевски.

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи ги отфрли овие обвинувања. Тој рече дека од ДУИ уште од почетокот на судењето побарале поголема транспарентност во процесот. Тој рече дека во јавноста има одредено чувство кај етничките заедници дека имаме етничка пристрасност, односно наклонетост при носење на судските одлуки во зависност од етничкта припадност на сторителот на дејството,

“ Немам апсолутно никакви сознанија. Веројатно уште некој ден ќе ме спомнуваат и за убиството на претседателот Кенеди. Тоа прашање и тој предмет е веќе во судски инстанции и очекуваме што побрзо да се разрешат сите дилеми бидејќи очигледно јавноста е сензитивна на епилогот од тоа прашање. ДУИ уште од почеток побара поголема транспарентност на тој процес, бидејќи очигледно не беше доволно транспарентен штом граѓаните не се убедени во доказите и побаравме поголема вклученост на меѓународните институции за да гарантираат кредибилитет во процесот. Очигледно е дека во јавноста имаме одредено чувство кај етничките заедници дека постои етничка наклонетост при носење на судските одлуки во зависност од етничката припадност на сторителот на дејството. И за да ги потврдиме научно или да ги отфрлиме ваквите перцепции во јавноста со ОБСЕ почнуваме иницијатива за научно потврдување на евентуален етнички бајаз во судството преку одбирање на рандомни случаи од минатото на слични дела кои што ги вршеле сторители од различна етничка припадност за да видиме дали одлуките на судот се засноваат односно се наклонуваат во зависност од припадноста на граѓаните. Очекуваме да видиме дали ова е перцепција или навистина тоа е така, доколку е така претстои сериозен процес на ветинг во судството. “,вели Бујар Османи – вицепремиер за европски прашања.

Денешното рочиште беше одложено поради необезбедено присуство на двајцата сведоци кои требаше да дадат исказ. Судијата Осман Шабани на судењето телефонски побара информација од полициските станици Бутел и Гази Баба зошто сведоците не се донесени во судница, на што доби одговор дека едниот сведок бил недостапен, односно куќата која била наведена во неговата адреса била продадена. Додека другиот сведок веќе еднаш сведочеше пред судот и наметна теза дека автомобилот “опел омега” со кој се превезувале извршителите на убиството е во сопственост на МВР.

Овој сведок треба да се појави повторно заради повторување на постапката откако врховниот суд во 2017-тата ги укина пресудите и го врати предметот на повторно одлучување, кој пак сега го води специјалното јавно обвинителство.

Следното рочиште за овој предмет е закажано за први јули.

Ѓоковиќ раскажа зошто се разделил од Иванишевиќ

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ им се обрати на медиумите по проекцијата на филмот „Легенда“, посветен на тенисерот Никола Пилиќ.

Освен за филмот, Новак зборуваше и за разделбата со Горан Иванишевиќ.

- Горан пред сѐ е пријател за цел живот. Мој и на моето семејство. Некој кој ми е исклучително драг. Само затоа што ја прекинавме соработката, не значи дека ќе престанеме да бидеме пријатели. Стигна до точка на заситеност, почувствувавме дека е време да се разделиме по речиси шест години соработка каде ги испишувавме страниците од историјата на нашиот спорт. Поминавме низ сито и решето. Многу моменти кои не ни беа пријатни. И покрај сѐ, тој беше тука за мене. Најмногу ќе го паметам човечкиот однос кон мене. И поради тој однос, резултатот дојде како последица на сето тоа. Му посакувам сѐ најдобро. Сè уште немам јасна претстава кој би можел да го замени и дали тоа воопшто ќе има некој. Отсекогаш сум имал тренери со мене, тие се обидуваат да ме натераат да чувствувам што сакам и што ми треба.“, рече Ѓоковиќ, пренесе Телеграф.

Мик Џегер објави снимка како танцува, сите му се смеат (ВИДЕО)

Мик Џегер на својот Инстаграм профил објави урнебесно видео од ноќно излегување.

Во видеото, Мик танцува пред публиката на Mustique Blues Festival на Карибите додека бендот го свири хитот на Maroon 5 - Moves Like Jagger.

За песната Џегер реши на сите да им ги покаже своите танцови потези. Додека музичарот се фрла околу подиумот за танцување и скока, лицето што го снима се смее, а потоа Мик прснува од смеа.

Тоа видео насмеа многу негови следбеници. За помалку од еден ден Мик собра 160 илјади лајкови.

„Кој те натера да го направиш ова“, „Замисли Мик Џегер лежерно танцува во публика додека играш“, „Никој не танцува како Џегер“, „Те обожавам“, „Умирам од смеа“, „Никогаш не би кажале дека имаш 80 години“, се дел од коментарите.

Мик никогаш не криел дека е обожавател на големиот хит уште од неговото појавување. "Посакувам да ја напишав. Но, тоа би било малку чудно, нели? Тоа не е типична песна на Maroon 5, па тие веројатно се изненадени од нејзиниот успех како и јас. Тоа е многу привлечно. Единственото нешто дали ме тера да сакам да танцувам кога ќе го слушнам тоа“, рече Мик претходно.

Франција се подготвува за за закана од тероризам на Олимписките игри во Париз

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен денеска се сретна со разузнавачките служби на земјата за да ја проценат заканата од тероризам на Олимписките игри (ОИ) во Париз, кои ќе се одржат од 26 јули до 11 август годинава.

Најважно е обезбедувањето на свеченото отворање на ОИ на 26 јули, кога флота од 94 чамци, на кои илјадници спортисти ќе ги држат знамињата на своите земји, ќе плови шест километри по Сена, пишува Гардијан.

Таа ќе биде придружувано од втора флота од 80 чамци со членови на медиумите и обезбедувањето, додека околу 222.000 луѓе ќе се соберат покрај реката, а уште 200.000 ќе ја следат церемонијата од зградите.

Воздушниот простор во радиус од 150 километри околу Париз ќе биде затворен за време на церемонијата поради потенцијален напад со беспилотно летало, а ќе бидат мобилизирани повеќе од 45.000 полицајци, многу од нив на покривите со снајперисти и во чамци.

Дарманен изјави дека Франција е секогаш под закана, особено за време на големи настани, бидејќи „ги брани универзалните вредности и секуларизмот“ и дека има „многу ефикасен разузнавачки систем.

„Речиси секој месец ги запираме заговорите во развојот“, рече францускиот министер.

Според истражувањето за француската телевизија BFMTV, 80 отсто од Французите се загрижени за тероризмот, 59 отсто се оптимисти дека нивната земја успешно ќе ја зачува безбедноста за време на Олимпијадата, додека 57 отсто поддржуваат одржување на свеченото отворање на отворено.

притисни ентер