Фото: Мајкл Даглас веќе 5 години ја продава луксузната вила во Шпанија

Холивудската актерска ѕвезда Мајкл Даглас од 2014 година се обидува да ја продаде својата исклучително луксузна вила во Шпанија.

Славниот актер сега вели дека е подготвен и на очаен потег само да ја продаде   луксузната недвижнина.

Вилата  од 100 хектари на самиот брег  во Шпанија, Мајкл Даглас  досега ја продавал по цена од 50 милиони евра, но популарниот актер никако не може да најде купец.

Поради тоа тој е принуден, како што вели самиот  да преживее ноќна мора и да ја спушти продажната цена на луксузната вила на 37,5 милиони долари.

Инаку, сопствеништвото над вилата Мајкл го дели со својата поранешна сопруга Дијадра Даглас.

На имотот на Мајкл и Дијадра има 7 независни градби, со 5 апартмани и 10 спални соби.

Целиот имот е луксузно опремен со сите можни содржини за забава , вклучувајќи и голем вински подрум.

притисни ентер