Димитров се сретна со шведската министерка за надворешни работи

Ако не ги започнеме пристапните преговори оваа година, тоа за мене ќе значи дека не постои европска перспектива, по сето она што го постигнавме за две години. 

Постигнавме очигледен демократски пресврт. Да, сѐ уште правиме грешки, не сме совршени, но постои очигледна движечка сила кон европска либерална демократија во земјата, управувана од владеењето на правото.

Ова го истакна денеска во Стокхолм министерот за надворешни работи Никола Димитров на Министерската конференција на високо ниво за Западен Балкан, во организација на Министерството за надворешни работи на Кралството Шведска и Европската комисија.

–Мора да бидам искрен, зашто јас сум случаен политичар и мислам дека треба да имаме поголема искреност во политичките дебати дома, но и надвор. Мислам дека ако мора да добиеме и единаесетта препорака од Комисијата следната година нема да имам лице да му се обратам на мојот народ, на граѓаните и да зборувам за европска перспектива. Жал ми е што морам да го кажам ова, но ако не ги започнеме пристапните преговори оваа година, тоа за мене ќе значи дека не постои европска перспектива, по сето она што го постигнавме за две години, рече Димитров на панел-дискусијата посветена на случувањата во земјите од регионот на Западен Балкан, со фокус на нивната ЕУ перспектива.

Во рамките на посетата, како што соопшти МНР, Димитров се сретна со министерката за надворешни работи на Кралството Шведска, Маргот Валстром. Во фокус на разговорите беше европската перспектива на земјата и важноста од валоризација на постигнатото.

-Задоволство е да се биде во земјата чие внимание и заложба за нашиот регион бескрајно го цениме, истакна Димитров.

Воедно, беа разгледани прашања поврзани со искористување на потенцијалот за збогатување на меѓусебната соработка во повеќе сфери, пред се во делот на економијата и инвестициите. Министрите разговараа и за можностите за организирање лидерска академија на млади луѓе од регионот што би се организирала во Стокхолм.

Министерот Димитров работната посета ја продолжува попладнево на средба со претседателот на Парламентот на Кралството Шведска, Андреас Норлен.

Бајден најави дека наскоро пристигнува оружје за Украина

Откако Конгресот прифати да испрати нова помош за Украина, американскиот претседател Џо Бајден најави дека овој пакет ќе биде испратен итно.

„Во следните неколку часа ќе започнеме да испраќаме противвоздушна опрема, артилерија, ракетни системи и оклопни возила во Украина“, рече Бајден во говорот во Белата куќа.

Пакетот за помош усвоен од Сенатот доцна синоќа, е вреден вкупно 95 милијарди долари и вклучува речиси 61 милијарда долари помош за Украина, 26 милијарди долари за Израел и 8 милијарди долари за Индо-Пацификот.

Барселона ја тужи шпанската федерација, судот одлучува за голот на Јамал против Реал

Барселона не дозволува да стивне бурата по „Ел Класико“ во кое Реал победи со 3:2.

„Фантомскиот гол“ на Ламин Јамал ​​и понатаму е тема на шпанските медиуми. Барселона не дозволува да престане да се зборува за тоа.

И по самиот меч имаше остри критики за судењето, немањето технологија за гол-линијата и „злоупотребата на ВАР системот“.

Првиот човек на клубот, Жоан Лапорта, најави дека Барселона ќе ги искористи сите средства да ја истражи ситуацијата и да утврди дали тоа било гол или не.

Барселона сега отиде чекор подалеку и најави дека ќе ја тужи Шпанската фудбалска федерација и дека решение на оваа ситуација ќе бара на суд.

Ден по натпреварот беше објавена и комуникацијата на главниот судија со играчите и судиите од ВАР-салата, но изостана делот од видеото поврзан со ситуацијата околу голот на Јамал ​​кој не беше признат.

Федерацијата го одби барањето на Барселона да му ја даде на клубот целосната снимка од комуникацијата помеѓу судијата и ВАР-собата и Каталонците сега сакаат да ја добијат преку судовите.

Лапорта останува на ставот дека доколку се покаже дека Барселона е оштетена, ќе бара реприза. /МИА

ДИК: Излезноста до 17 часот е 44,18 %, поголема за 9% е во однос на минатите избори

Претседателот на ДИК ги соопшти најновите резултати од претседателските избори. 

Најголема излезност е во Новаци од 67,19 % , а најамала во Пласница само 19%, рече Даштевски.

притисни ентер