Дали „метлата“ во Владата е доволна и ќе донесе промени во владеењето?

Еден ден откако премиерот Зоран Заев го достави предлогот за владина реконструкција, заменик министерот за образование Петар Атанасов си поднесе оставка. Official facebook: https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/ Web: http://kanal5.mk/ Copyright: OnAir Media Group

МЗ:Неделава почнува поставувањето на монтажен амбулантско-поликлинички оддел

Во тек се подготвителни активности за новиот монтажен објект на Клиниката за пулмологија и алергологија, кој ќе биде поставен на просторот меѓу Институтот за патофизиологија и Институтот за ТБЦ.

Веќе е поставена бетонската плоча како подлога за монтажно-модуларниот амбулантско поликлинички оддел. Кон крајот на неделата ќе почне поставувањето на контејнерите, чија монтажа треба да заврши до 30 јули, а се планира кон средина на август, објектот да биде целосно подготвен.

Во новиот објект ќе бидат лоцирани четири амбуланти и кабинети со спирометрија, за дифузија и бодиплетизмографија, за бронхијална провокација, за гасни анализи во крвта, за алерголошки тестирања и за ЕКГ, како и две засебни простории за дневни болници за сместување амбулантските пациенти. Сето ова е придружено со сите потребни помошни простории, тоалети и гардеробери за персонал, засебни тоалети за пациенти, чекални, административни соби, стерилни остави, сервер соба, климатизација и слично. Целиот простор ентериерно и екстериерно е оформен така да не постојат бариери и препреки за лица кои користат помагала и лица со попреченост, за кои се предвидени и специјални тоалети согласно стандардите.

Во меѓувреме се работи на изготвување план за потребното ентериерно уредување и обезбедување медицинска и немедицинска опрема.

Од Клиниката за пулмологија појаснуваат дека пациентите со белодробни заболувања, заради хроничната болест на белодробниот систем се во најризичната група за добивање Ковид-19, како и за развивање тешки компликации од вирусот, затоа е посебно значајно поставувањето на монтажната амбуланта, која ќе ги исполнува најсовремените стандарди за работа.

Екс-босански министер правел „пена-забава“, се отвори истрага

Поранешниот министер за безбедност на Босна и Херцеговина, а сега и пратеник во парламентот, Драган Мектиќ ја згрози јавноста со објавата на снимка од неговата „пена-забава“ на реката Укрина.

Мектиќ организираше забава на реката, со посебни „топови“ за правење на вештачка пена и со тоа ја загади реката. Поради тоа, од инспекторатот на република српска било побарано да се истражи случајот, а од водовод наложиле земање на примероци од водата за анализа.

Од ресорното министерство реагираа и соопштија дека е несфатливо и недозволиво за забава да се испуштаат хемикалии во река и најавија дека ќе инсистираат да се утврдат сите околности и да се казнат сторителите.

Се намалува бројот на луѓето што протестираат во Србија

Во Белград, Ниш и Зрењанин се собраа граѓани незадоволни од српската влада и мерките кои ги презема државата.

Протестите првите два дена беа прилично бурни, дојде и до бројни судири на полицијата и демонстрантите. Сепак, постепено се смирија, а и на нив има се помалку луѓе.

На главниот градски плоштад во Зрењанин имаше протест, но се појавија само нешто повеќе од 50 луѓе.

Во Ниш, пак, граѓаните шести ден по ред се на улиците и го блокираа сообраќајот.

Во Белград пред парламентот се собраа десетици луѓе, а дел опд граѓаните протестираа и во пионерскиот парк.

притисни ентер