Аудиции во Канал 5 за „Ѕвездите на Гранд“ и „Никогаш не е доцна“

Денеска во големото студио на Канал 5 се одржуваат аудициите за најголемите музички шоуа на овие простори „Ѕвездите на Гранд“ и „Никогаш не е доцна“.

Потрагата по новите грандови ѕвезди продолжува и во следната сезона 2019/2020.

Атмосферата од аудициите во вестите ни ја пренесува директорот на Гранд продукција Саша Поповиќ со кого разговара Ване Марковски.

Во видеото погледнете го целиот разговор.

Полицајците останале во шок кога ја отвориле вратата од куќата каде живееле три деца и 245 животни

Две жени и еден маж се обвинети за злоупотреба на дева и насилно однесување со животни откако полицијата во семејна куќа на Флорида открила катастрофа.

Во фрижидерот и на кујнскиот под имало расипана храна, животински измет и урина, а во еден кафез е пронајдено и мртво морско прасе.

Покрај се, во оваа куќа на стравот живееле три малолетни деца и вкупно 245 животни.

Заради катастрофалните животни услови во семејната куќа, полицијата ги уапсила Мелиса Хамилтон (49), Грег Нелсон (57) и неговата сопруга Сусан Нелсон (43), а вистината излегла на виделина кога работниците од центарот за социјална заштита во неделата навечер ја посетиле куќата за да проверат во какви услови живеат девата од осум, девет и десет години.

Во хаосот кој го откриле, меѓу другите биле и, четири кучиња, две мачки, четири хрчаци, 12 зајци, 14 птици, и девет морски прасиња од кои едно било пронајдено мртво.

-Полицајците по доаѓањето не наишле само на три дева, туку и на 245 примероци од разни животински видови. Веднаш било јасно дека родителите не се грижеле адекватно ниту за децата ниту за животните. Во куќата преовладувале катастрофални животни услови, известила полицијата.

Фотографиите кои ги објави полицијата покажуваат голем број на кафези за животни расфрлани по собите, а од останати животни во куќата се најдени брадести змејови, глувци, стаорци и бебиња од стаорци.

Ситуацијата во фрижидерот била застрашувачка. Храната била складирана во нехигиенски простор, во пластични вреќички, имало расипани намирници и разни супи, пијалоци сосови и др.

Децата веднаш биле префрлени на друга локација и сместени кај членови од фамилијата, а животните во засолништа.

„Дејли Меил“ известува дека уапсениот Грег Нелсон, таткото на занемарените дева е медицински техничар во брзата помош, додека Мелиса Хамилтон е медицинска сестра која работи со тимовите за медицинска помош во случај на катастрофа.

Промотивна планинарска тура в недела на падините на Галичица

 Во организација на Алпинистичкиот клуб „Патагонија" и Општина Охрид во недела ќе се одржи првото промотивно издание на планинската тура „Ohrid Outdoor Festival", со излет на планината Галичица .

Целта на фестивалот е заедничко дружење и уживање во убавините на Охрид и планината Галичица, возејќи велосипед или искачувајќи го врвот со најубав поглед кон двете езера.

Планинарска тура е предвидено да стартува во 8:30 часот од спортско-рекреативниот центар „Билјанини извори" со обезбеден бесплатен автобуски превоз до превојот „Баба" и пешачење до врвот „Лако сигној" на 1.981 метри надморска височина, а во исто време од истото место стартува и велосипедска тура по падините на Петрино и Галичица преку Велестово, сртовите Крстец и Асанѓура.

По завршување на турите во 14:30 часот за учесници и за сите присутни во Охрид ќе биде организирана забава крај брегот на езерото, кај Центарот за обука на вода на АРМ.

За безбедноста на учесниците за време на бесплатните тури ќе се грижат тимови од Планинската спасителна служба при Црвениот крст од Охрид, со професионални водичи во планина.

Заинтересираните учесници треба да поседуваат лична опрема за планина, соодветна на временските услови, а учеството може да го пријават на patagonia.ohrid@gmail.com, со назнака за велосипедска или планинарска тура.

МЗ: Сè уште е во тек епидемија на мали сипаници

Сè уште е во тек епидемија на мали сипаници, досега вакцинирани 41.623 лица на возраст до 14 години со МРП вакцина, соопштуваат од Министерството за здравство. 

Министерството за здравство информира дека сè уште е во тек епидемија на морбили (мали сипаници) на територија на цела држава.

Вкупниот број на вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина од почетокот на епидемијата во целата република изнесува 41.623.

Од почетокот на епидемијата досега, во Центрите за јавно здравје, дополнително се аплицирани вкупно 6.291 дози на вакцина, од нив повеќе од 60% се здравствени работници, студенти и ученици во средните медицински училишта, останатите се контакти и лица над 14 годишна возраст.

Остануваат на сила претходно препорачаните мерки и активности, кои ги преземаат Центрите за jавно здравје, Институтот за jавно здравје, Министерството за здравство, ДСЗИ и вакциналните служби во пунктовите за вакцинација, со посебен акцент на вакцинација на сите осетливи лица, стои во соопштението од Министерството за здравство. 

притисни ентер