Полицијата и обвинителството се уште го истражуваат случајот со градоначалникот на Шуто Оризари

Полицијата и обвинителството се уште го истражуваат случајот со градоначалникот на Шуто Оризари од редовите на СДСМ, Курто Дудуш.

Откако во јавноста се објави снимка според која наводно во канцеларијата затвора и физички малтретира друго лице.

Сепак МВР не открива дали жртвата, извесен Сафет Јашар бил повикан на разговор или пак разговарале со градоначалникот. Од обвинителството велат дека преку полицијата прибираат докази за да се провери содржината на снимениот материјал.

Дудуш иако најавуваше не излезе со конкретна реакција во медиумите, освен изјавата дадена за Фокус дека ќе поднесе пријава против лицето Сафет Јашар и дека снимката била монтирана. Канал 5 денеска ја посети општината во Шуто Оризари. Побаравме средба со градоначалник Дудуш. Но од вработените ни беше кажано дека бил отсутен.

Премиерот Заев вчера го осуди настанот и ги повика истражните органи да истражат дали има одговрност. Од ВМРО ДПМНЕ и денеска побараа одговорност но и го обвинија минстерот Оливер Спасовски за заташкување на случајот.

Првично порталот Лидер објави двеминутна аудио снимка, а по реакцијата на градочалникот објави нова од 18 минути на која што се слуша викање и тепање.

Батлер чека вести за својата повреда: Немам добро чувство...

Бекот на Мајами, Џими Батлер, ќе биде подложен на магнетна резонанца на повреденото десно колено пред да гостува во Чикаго во меч од плеј-инот на НБА.

Конечната одлука нема да биде донесена додека не се прочитаат резултатите од тестовите, а Батлер би можел да пропушти барем неколку недели. Кошаркарот се повреди во првата четвртина од натпреварот против Филаделфија.

- Немам добро чувство, тоа е се што можам да кажам. Се надевам дека сум добро, коментираше Џими Батлер по натпреварот.

Агентот на Батлер, Берни Ли потврди за западните медиуми дека степенот на повредата се уште е нејасен.

Триесет и четири-годишниот бек имаше просек од 20,8 поени на 60 натпревари за Хит оваа сезона. /МИА

„Гответе со Дракче“ - Чаен колач

Во четврток (18.04.2024) во емисијата гостин ни беше Анета Љумаковска.

Состојки за денешниот рецепт:

3 јајца

2 банани

1 јаболко

1 лажиче мед

1 кесичка прашок за пециво

2 лажици интегрално брашно

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

притисни ентер