Дали „метлата“ во Владата е доволна и ќе донесе промени во владеењето?

Еден ден откако премиерот Зоран Заев го достави предлогот за владина реконструкција, заменик министерот за образование Петар Атанасов си поднесе оставка.

 Мојата позицијата станува неодржлива и неефективна, пишува Атанасов во објавата за неговото повлекување од заменичката функција, но и од сите други должности  во Министерството и Владата.

„Освен многуте и бескрајни формалности во работата на Министерството, овој период не се случи ништо позначајно. И тоа што навидум се тркала е далеку од потребите на системот и не ги менува севкупните состојби. Промените во образованието кои ги навестувавме, не ги остваруваме. Зошто е ова вака, веројатно Вие најдобро знаете! “, пишува Атанасов  кој  најавува дека се враќа на академската кариера и поради тоа што „револуцијата почна да ги јаде сопствените деца“.

Дали Заев веднаш ќе предложи замена за Атанасов нема информација, но веќе извесно предлогот за новите министри ќе се најде пред пратениците во среда.. Дел од тимот на премиерот стануваат

Трајан Димковски во ресорот земјоделие, Нуредини за животна средина,, Исмаили во култура и Милевски во локална самоуправа. Најголемата промена е во министерството за финансии, од каде си оди Тевдовски, а раководењето го презема самиот премиер.

Политички аналитичари со оценка дека предложените промени во министерските редови не ги исполнија очекувањата за т.н. Метла..

Биографиите на предложените министри веќе се разгледуваат во Собранието, но и во јавноста. Садула Дураку, кој од животна средина ќе премине во новоформираното министерство за политички систем во својата биографија меѓу вештините со кои се користи навел и познавања од интернет експлорер. Новиот министер во култура, инаку професор на Медицински факултет, како аргументи за избор навел дека уредувал повеќе од 90 радиоемисии, а македонскиот го владее како странски јазик. Во биографија на Заев како предлог за прв финансиер може да се прочита за целиот животен пат на премиерот – од растењето во земјоделско семејство, преку успешната кариера во фирмата на неговиот вујко, до успесите како политичар и претседател на Влада.

Предлог компромис за Македонија и Албанија-пристапни преговори во април или мај 2020

Франција, Германија, и Холандија се обидувале да напишат предлог компромис според кој донесувањето на одлуката за пристапни преговори за Македонија и Алабанија се одложува за април или мај 2020 година.

Франција, Германија, и Холандија се обидувале да напишат предлог компромис според кој донесувањето на одлуката за пристапни преговори за Македонија и Алабанија се одложува за април или мај 2020 година, брифираат за Канал 5 дипломати од ЕУ.

 Во продолжение се наведува дека идејата била Франција во меѓувреме да изработи предлог за реформирање на процесот за проширување до јануари, велат дипломатски извори од Брисел. Како што е познато, Париз се спротистави на почетокот на пристапните преговори се додека процесот не биде реформиран. Засега нема договор за вметнување на конкретен датум во предлог компромисот.

За овој предлог компромис  ќе дискутираат германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Емануел Макрон,холандскиот премиер Марк Руте и финската премиерка Мете Фредериксен,брифира друг дипломат од ЕУ.

Претседателот на Европскиот совет , Доналд Туск се обидувал да ги натера да се согласат,вели друг дипломат и додава дека новоизбраниот претседател на Европскиот Совет , Шарл Мишел нема голема желба за процесот на проширување на ЕУ.

Македонските преговори и вечерва на маса пред европските лидери

Со лоши сигнали од Брисел и без никакво поместување на тврдиот став на Макрон, мина првиот ден од самитот на лидерите на Европската Унија, кои утре и формално се очекува да се изјаснат за македонските преговори со Унијата.

Проширувањето не се спомена ниту на вечерашната пресконференција на првите луѓе на Унијата, Јункер и Туск, кои се осврнаа само на постигнатиот договор со Лондон околу Брегзит.

Дали има простор за позитивна вест, Александар Видиновски од Брисел.

Руте: Албанија не е можно да ги почне преговорите, а за Македонија се уште има малку простор

Холандскиот премиер Марк Руте пред денешниот состанок на лидерите на земјите – членки на ЕУ рече дека е за Македонија ,за разлика од Албанија , има малку простор за почеток на преговорите.

,,Нашата позиција за Албанија е јасно не. Ситуацијата со Македонија е многу подобра отколку кај Албанија. Таа има многу повеќе сработено, но има уште за работа. Мислам дека за Албанија не е можно да ги почне преговори, а за Македонија се уште има малку простор” , рече премиерот на Холандија , марк Руте пред почетокот на денешниот самит во Брисел.

притисни ентер