Димитров: Без преговори годинава, не можеме да разговараме за ЕУ перспектива

Ако нема датум за преговори во октомври, тоа ќе значи дека не постои европска перспектива – порача од Стокхолм шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.

Вели дека ако добиеме ново одложување по се што направи земјава за да добие зелено светло за старт на преговорите, ќе нема лице да зборува пред македонскиот народ за придобивки од членството во унијата.

- Жал ми е да го кажам ова, но ако не започнеме преговори со ЕУ годинава, тоа за мене значи дека нема Европска перспектива. И се плашам дека по се што ние направивме во 2 години. Направивме очигледен демократски пресврт, имавме грешки, не сме совршени, но има очигледно движење напред кон Европска либерална демократија. Мислам дека шансите за успех во октомври се навистина заеднички и мислам дека немаме луксуз во денешна Европа да дозволиме да пропадне прилика која консолидира успех, вели Никола Димитров – министер за надворешни работи .

Амбасадорите на Унгарија, Полска, Чешка и Словачка во земјава тврдат дека поддршка за сигурен датум во октомври имаме од сите земји членки. Велат дека не треба да се разочаруваме бидејќи никој не е против датум за Македонија, а одложувањето од јуни за октомври е само поради технички причини. Но, за напредок и успешни преговори фокусот треба да се погрижиме за владеење на правото во земјава.

- Не бидете разочарани бидејќи никој на министерскиот совет не кажа дека е против за почеток на преговорите. Повеќе беше од технички причини. Има уште многу да се работи, но атмосферата за Северна Македонија е добра, затоа има добри шанси за датум во октомври. Мојата препорака е да се фокусирате најпрво на владеење на правото, а потоа се ќе биде подобро и полесно, се разбира - се зависи од административните капацитети на земјава, Хенрик Маркуш – амбасадор на Република Словачка.

Оптимистички пораки дека одложувањето на датумот е само поради процедурални причини на германскиот Бундестаг, пристигнаа и од Атина. Во телевизиско интервју грчкиот премиер Алексис Ципрас вели дека реформите кои беа побарани од земјава за датум кој ќе овозможи пристапни преговори со унијата - се исполнети.

Видео: „Мона Лиза“ рапува со помош на вештачка интелигенција

„Мајкрософт“ ја претстави новата технологија со вештачка интелигенција наречена „ВАСА-1“, што може да сними фотографија и аудиоисечок и да ги комбинира во реалистична видеоснимка.

За почеток, технолошкиот гигант претстави видео на кое „Мона Лиза“ на ренесансниот уметник Леонардо да Винчи „ја рапува“ песната „Paparazzi“... Но, овде не се работи за хитот на Лејди Гага, туку рап-верзијата што Ен Хатавеј ја изведе во „Емисијата на Конан О'Брајан“ во 2011 година.

„Ова е толку смешно, плачам од смеење“, „Само Да Винчи да можеше да го види ова“, „Уште едно страшно видео со вештачка интелигенција“, „Ова е морничаво“ - се дел од коментарите.

Видеото набрзо собра над 7,1 милиони прегледи на само еден профил на „X“.

Мадуро размислува повторно да се отвори Канцеларијата на ОН за човекови права во Венецуела

Мадуро најави дека е подготвен да се сретне со претставникот на Канцеларијата на ОН за човекови права.

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро најави дека е подготвен да се сретне со претставникот на Канцеларијата на ОН за човекови права, откако претходно, во февруари, венецуелската Влада побара од вработените во Канцеларијата да ја напуштат земјата во февруари.

-Добив предлог за повторно отворање на Канцеларијата на високиот комесар на ОН за човекови права во Венецуела и се согласувам дека треба да ги надминеме нашите разлики, изјави Мадуро за венецуелската национална телевизија, за време на заедничкиот говор со главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд, Карим Кан.

Мадуро додаде дека е подготвен наскоро да се сретне со Фолкер Тирк и дека претставникот на Канцеларијата е добредојден да дојде на разговори за разликите што ги имаат и начините за надминување на конфликтот што произлезе.

Откако кон средината на февруари од персоналот на Канцеларијата за човекови права на ОН беше побарано да ја напушти Венецуела, владата најави дека во рок од еден месец ќе ги ревидира техничките услови за соработката.

Венецуелската влада потоа го критикуваше „колонијалистичкиот, навредлив и насилен однос“ на ОН, откако специјалниот известувач рече дека венецуелската програма за храна не се занимава со основните причини за гладта во земјата, потсетуваат британските медиуми. /МИА

Рускиот свештеник кој држеше опело за Навални отстранет од црквата на три години

Тој ќе биде префрлен и во друг храм во Москва, каде што ќе ги извршува должностите на црковен помошник.

Рускиот православен свештеник кој во март одржа комеморација во спомен на починатиот руски опозициски лидер, Алексеј Навални е суспендиран на три години од извршувањето на неговите духовни должности, соопшти Московската епархија на Руската православна црква, цитирана од британските медиуми.

Во соопштението, кое беше објавено вчера на веб-страницата на епархијата, не е наведена причината за казната за отец, Дмитриј Сафронов, со која му се одзема правото да дава благослов и да носи расо и свештенички крст до 2027 година.

Тој ќе биде префрлен и во друг храм во Москва, каде што ќе ги извршува должностите на црковен помошник.

-По истекот на периодот на покајание (казна - забелешка изд.), врз основа на повратните информации од местото на послушанието, ќе се донесе одлука дали е можно тој да продолжи со свештеничката служба, наведуваат од епархијата.

На 26 март, Сафронов одржа комеморација на која присуствуваа илјадници луѓе за Навални, кој беше најжесток критичар на руската територија на претседателот Владимир Путин и кој почина во февруари на 47-годишна возраст во казнена колонија на Арктикот. /МИА

притисни ентер