Лашкоска: Заев се устоличи во султан

Вчера бевме сведоци на етаблирањето на апсолутизам во Македонија од страна на Заев.

 Уште еднаш се потврди дека со Заев наместо реформи и напредок на земјата се случува континуирано пропаѓање на преспективите и вредностите.

Тој вчера се устоличи во султан, и на премиерската позиција си ја придодаде и функцијата министер за финансии. Замислете Зоран Заев, аболицираниот за финансиски криминал , човекот кој го видовме како нелегално бара едно евро за Вицето, едно за црквата, стана министер за финансии, односно ќе стане од среда министер за финансии, кој непосредно ќе располага со парите на граѓаните.

Од оваа среда семејството Заеви, Зоран Заев и веројатно Вице заев ќе имаат управа над 10 клучни институции. Управувањето со ова министерство директно од страна на Заев, значи дека со него тој лично воспоставува контрола и врз институции како Царина, УЈП, Финансиска полиција, Управа за финансиско разознавање, Секторот за трезорско работење, Игрите на среќа, Централниот регистар, Управата за имотно правни работи, стоковите резерви, управување со јавен долг, системот за банки и штедилници, системот за девизно работење, системот за ревизија, и неколку помали други институции. Ова значи дека безмалку целиот финансиски сектор во државата е чекор поблиску за контролирање од страна на кланот Заеви.

Епа среќна нова 49та. Заеви управуваат со милијардите на граѓаните.

Со право јавноста се прашува дали сите овие институции ќе овозможат непречено да функционира принципот евро за Вицето – евро за црквата кој го патентираа во Струмица додека Заев беше градоначалник.

Зоран Заев е човекот кој ќе одлучува за тоа колку државата ќе се задолжува и за што. За милионски задолжувања ќе одлучува човекот кој бараше мито од 200.000 евра.

Да биде симболиката уште поголема тој ова го направи, наместо во Собранието на Република Македонија, во Валандово истото место кај што пред 9 години најави дека живи луѓе ќе јаде ако дојде и на власт и ќе се опкружи со партиски послушници се од чистачка па до министер.

За жал следат уште поцрни денови, бидејќи се што фати Заев упропасти. Беше прв човек на Телото за реформи во судството, а од тоа видовме само како си обезбеди нова амнестија за очигледен криминал. Заев си зададе клучна улога во дипломатијата, а донесе штетни договори за Македонија која патем сеуште чека датум за почеток на преговори со ЕУ.

Се постави како надлежен над тајните служби, а сега станува и министер за финансии.

Замислете после судството, дипломатијата, тајните служби сега и народните пари се директно во рацете на аболициран премиер во Република Македонија.

Ане Лашкоска, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Предлог компромис за Македонија и Албанија-пристапни преговори во април или мај 2020

Франција, Германија, и Холандија се обидувале да напишат предлог компромис според кој донесувањето на одлуката за пристапни преговори за Македонија и Алабанија се одложува за април или мај 2020 година.

Франција, Германија, и Холандија се обидувале да напишат предлог компромис според кој донесувањето на одлуката за пристапни преговори за Македонија и Алабанија се одложува за април или мај 2020 година, брифираат за Канал 5 дипломати од ЕУ.

 Во продолжение се наведува дека идејата била Франција во меѓувреме да изработи предлог за реформирање на процесот за проширување до јануари, велат дипломатски извори од Брисел. Како што е познато, Париз се спротистави на почетокот на пристапните преговори се додека процесот не биде реформиран. Засега нема договор за вметнување на конкретен датум во предлог компромисот.

За овој предлог компромис  ќе дискутираат германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Емануел Макрон,холандскиот премиер Марк Руте и финската премиерка Мете Фредериксен,брифира друг дипломат од ЕУ.

Претседателот на Европскиот совет , Доналд Туск се обидувал да ги натера да се согласат,вели друг дипломат и додава дека новоизбраниот претседател на Европскиот Совет , Шарл Мишел нема голема желба за процесот на проширување на ЕУ.

Македонските преговори и вечерва на маса пред европските лидери

Со лоши сигнали од Брисел и без никакво поместување на тврдиот став на Макрон, мина првиот ден од самитот на лидерите на Европската Унија, кои утре и формално се очекува да се изјаснат за македонските преговори со Унијата.

Проширувањето не се спомена ниту на вечерашната пресконференција на првите луѓе на Унијата, Јункер и Туск, кои се осврнаа само на постигнатиот договор со Лондон околу Брегзит.

Дали има простор за позитивна вест, Александар Видиновски од Брисел.

Руте: Албанија не е можно да ги почне преговорите, а за Македонија се уште има малку простор

Холандскиот премиер Марк Руте пред денешниот состанок на лидерите на земјите – членки на ЕУ рече дека е за Македонија ,за разлика од Албанија , има малку простор за почеток на преговорите.

,,Нашата позиција за Албанија е јасно не. Ситуацијата со Македонија е многу подобра отколку кај Албанија. Таа има многу повеќе сработено, но има уште за работа. Мислам дека за Албанија не е можно да ги почне преговори, а за Македонија се уште има малку простор” , рече премиерот на Холандија , марк Руте пред почетокот на денешниот самит во Брисел.

притисни ентер