Конференцијата „Како понатаму? Реформите на јавната администрација по јунскиот Европски совет“

Која е точната бројка на јавната администрација, како да биде ефикасна, деполитизирана и департизирана а граѓаните да добијат поквалитетни услуги се клучните прашања на кои активно се работи преку четири годишната владина стратегија.

Според проценките на невладините организации кои го следат процесот на реформи во јавната администрација постојат клучни сектори каде недостига вработени додека има многу други кои имаат превработеност. Францускиот амбасадор и претставникот на европската делегација оценија дека процесот на реформа на јавната администрација е клучен сектор од пред пристапните преговори на кој унијата се фокусира.

Ефикасноста на јавната администрација и тоа колку пари на граѓаните се одлеваат за овој гломазен државен апарат и натаму ќе бидат една од главните теми на кои сите бараат одговори како понатаму. Според некои неофицијални проценки земјава има околу 165 до 180 илјади административци кои земаат плата од државата каса а граѓаните и натаму се генерално незадоволните од услугите.

Трамп: Оставката на Моралес е значаен момент за демократијата

Претседателот на САД Доналд Трамп рекол дека оставката на претседателот на Боливија Ева Моралес е значаен момент за демократијата во западната хемисфера.

„За еден чекор сме поблиску до целосна демократска, напредна и слободна западна хемисфера“, рекол претседателот на САД.

Трамп рекол дека САД им аплаудира на народот во Боливија затоа што се избориле за слобода и на војската која ја почитува заклетвата дека ќе го штити Уставот на својата земја.

Тој рекол дека Боливија пратила силен сигнал на Венецуела и Никарагва дека демократијата и желбата на народот секогаш преовладуваат.

Моралес вчера поднесе оставка откако војската го повика да го направи тоа по повеќенеделните протести предизвикани од спорните изборни резултати.

Макрон го пречека Претседателот Пендаровски

Претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски беше пречекан во Париз од страна на Францускиот претседател Емануел Макрон.

Претседателот Пендаровски на Фејсбук објави фотографии од ракувањето со Марон.

„Вечерва имав чест да присуствувам на вечерата во пресрет на Парискиот мировен форум, на покана на францускиот претседател Емануел Макрон, заедно со шефовите на држави и учесници на Форумот, на кој ќе дискутираме за потребата од заеднички решенија за справување со глобалните предизвици“, напиша Пендаровски во објавата.

Инаку официјалната средба на Макрон и Пендаровски е закажана за утре.

Димкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги понижи земјоделците

СДСМ се грижи, само минатата година 424 млади земјоделци користат грант од 10.000 евра

Откако СДСМ ја презеде одговорноста се соочи со громорозна слика во земјоделието. ВМРО-ДПМНЕ на принципот во четири и очи и прв дојден-прв услужен ги делеше неправедно субвенциите и доделуваше неповратни грантови. Наместо кај вистинските земјоделци, ги понижи земјоделците. Со СДСМ има неселективност и секој земјоделец има фер и еднаква шанса - рече членот на ЦО на СДСМ и Министер за земјоделство, водостапнство и шумарство, Димкоски, на граѓанската трибина на СДСМ „На прав пат" во Свети Николе.

Димкоски потенцираше дека само минатата година 424 млади земјоделци користат грантови од 10.000 евра и дека веќе во Собранието е поднесен предлог за зголемување на субвенцијата на млад земјоделец од 10.000 евра на 20.0000 евра.

притисни ентер