Милевски: ЛДП добива огромна задача да ги зголеми ингеренциите и финансиите на локалната самоуправа

Како претседател на  ЛДП сакам да ја информирам јавноста дека синоќа Централниот одбор на ЛДП, донесе одлука да се прифати предлогот на мандатарот Заев, ЛДП да го предводи ресорот локална самоуправа.

ЛДП донесе и одлука за министер во овој ресор да ме предложи мене, како претседател на ЛДП и со тоа да даде тежина на ова значајно за нас министерство.

Истовремено, Централниот одбор му се заблагодари на досегашниот министер од редовите на ЛДП во Владата на РС Македонија, проф. д-р Зоран Шапуриќ за неговиот досегашен успешен ангажман како министер за подобрување на инвестициската клима.

Локалната самоуправа од запоставен министерски ресор, ЛДП има намера да го направи еден од најважните ресори во државата.

Сакаме да има “СИЛНИ ОПШТИНИ, ЗА СИЛНА МАКЕДОНИЈА” каква што беше заложбата на ЛДП уште пред точно 10 години, кога настапивме самостојно на Локалните избори во 2009 година под слоганот: СИЛНИ ОПШТИНИ, СИЛНА МАКЕДОНИЈА.

ЛДП добива огромна задача да ги зголеми ингеренциите и финансиите на локалната самоуправа.

Таа можност ќе ја искористиме заедно со одличниот тим кој ќе го изградиме во самото министерство и со поддршка на премиерот и локалната самоуправа.

Драго ни е дека претседателот на Владата, Зоран Заев ги споделува нашите намери и идеи за засилување на локалната самоуправа.

Ќе успееме ЗАЕДНО

да ги подобриме услугите на граѓаните на локално ниво

да имаме зголемена децентрализација

да имаме силни општини

да имаме искористени европски фондови

да имаме поурамнотежен регионален развој

да имаме спремна државата за брзо затворање на поглавјето 22 во преговорите со ЕУ

да имаме конечно отворени листи за избор на советници

да имаме рамноправен третман на сите општини

Одговорноста е голема но ја прифаќам и како лидер на ЛДП и како политичар!

Ќе работиме чесно, со намалување на непотребните трошоци и привилегии, заедно со сите кои имаат идеи, предлози и желба да помогнат во намерата да ги подобриме условите на сите граѓани.

Изјавата на претседателот на Либерално-демократска партија, Горан Милевски

Секретаријат на Либерално-Демократска Партија

Рикер: САД се подготвени да се вклучат во дијалогот Белград - Приштина

САД се подготвени да се вклучат во преговарачкиот процес меѓу Белград и Приштина, но тоа не можат да го направат додека двете страни сами не одлучат да му се вратат на дијалогот, изјави в.д заменик државен секретар на САД Филип Рикер.

Тој за американските медиуми истакна дека за евентуално посилна улога на САД во преговарачкиот процес, неодамна разговарал и со првиот човек на Стејт департментот, Мајк Помпео.

Рикер кој евршителот на должност заменик државен секретар на САД  во моментов е највисокиот официјален претставник во Стејт департментот кој се занимава со Балканот изрази верување дека двете страни имаат волја за наоѓање решение, со што ќе придонесат за стабилност и просперитет на западен Балкан.

Далгариан: Мицотакис ќе го блокира Скопје, онолку колку што ќе му дозволат НАТО и ЕУ

Најавениот притисок врз  Македонија од страна на новата грчка Влада на премиерот Кирјакос Мицотакис ќе зависи од тоа колку ќе и дозволат НАТО и ЕУ.

 Имајќи предвид дека двете алијанси сакаат брз и непречен прием на земјата, оценува американскиот аналитичар Џек Далгариан во авторски текст за „Неоскосмос".

Далгариан во анализата под наслов „Што може да очекува Америка од надворешната политика на новата грчка Влада", наведува дека со Преспанскиот договор Атина стави крај на „за многумина странци тривијалниот спор со Скопје" околу Македонија, име и територија што беа од централно значење за грчкиот национализам уште од формирањето на современата грчка национална држава.

Авторот на текстот потсетува дека по победата на неодамнешните избори, Мицотакис најави дека ќе го почитува Преспанскиот договор, но дека ќе врши притисок врз Скопје околу употребата на терминот „македонски" во културата, јазикот и производите.

– Но, притисок што ќе може да го употреби е ограничен на тоа што ќе му го дозволат НАТО и ЕУ, кои сакаат брзо и непречено да ја вклучат  Македонија во двата сојузи, наведува Далгариан.

Според авторот, иако жителите во северна Грција во големо мнозинство на изборите гласаа за неговата Нова Демократија незадоволни од решавањето на прашањето со името со Скопје, Мицотакис знае дека неговата популарност во иднина апсолутно ќе зависи од тоа дали ќе успее да обезбеди економски раст на земјата.

Дулгариан дипломирал на Факултетот за владини и јавни политики на Универзитетот во Аризона. Тој е автор на независно истражување за надворешните политики и стратегии на политичките партии во Грција, а работел и во хуманитарни организации за помош на бегалците во Атина./МИА.

ВМРО-ДПМНЕ: Правда и правна држава нема се додека се штитат партиските функционери

Правда и правна држава нема се додека се штитат партиските функционери блиски до Заев. 

Се додека разни „Кики, Фрики и специјални обвинителки" се недопирливи за истрагата и заштитени од Заев, Македонија ќе тоне во криминал, корупција и рекет. Се додека законите не важат за градоначалници што киднапираат и малтретираат или генерални секретари што договараат тендери, Македонија нема да добие датум за преговори.

Власта на СДСМ на чело со аболицираниот Заев по кој зна кој пат застана на страната на криминалот. Криминалната банда продолжува да ги лаже и манипулира граѓаните по политичко-медиумско-криминалниот октопод.

Целта е спас на политичката кариера на еден човек, Зоран Заев. Зоран Заев е главата на новиот криминален октопод.

Токму поради оваа причина се штитат останатите поранешни и актуелни високи функционери на власта и СДСМ.

Кои се Кики и Фрики, одговор на ова прашање мора да има, мора да се дознае кои високи државни и партиски функционери биле вмешани во овој нов мега скандал?

Каква е инволвираноста на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева и поради која причината и беше одземен телефонот?

Рускоска обвинителството мора да се ослободи од стегите на власта, овој случај мора да се расчисти до крај. Мора да се стигне до главата на октоподот на чие чело е единствениот политичар во Европа кој е три пати амнестиран за криминал. Се додека овој случај не се расчисти, и оваа криминалната банда не си замине од власт, Македонија нема Европска иднина. Правната држава е далеку од реалност, а датумот за преговори со Европската Унија само уште едно лажно ветување на Зоран Заев.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер