Премиерот Заев и министерот Николовски за почетокот на изградбата на системот за наводнување на јужновардарска долина

Со ваквите крупни инвестиции во системи за наводнување обезбедуваме услови за поквалитетно земјоделско производство, поголем приход за земјоделците и поголем економски раст, рече Заев на свеченоста.

Премиерот Зоран Заев и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска присуствуваа на настан посветен на почеток на градежни работи на системот за наводнување на јужната долина на реката Вардар, втора фаза.

„Денеска, започнува да се гради системот за наводнување на јужната долина на реката Вардар, втора фаза. Со реализацијата на овој проект, придонесуваме валандовскиот регион да добие квалитетен систем за наводнување на земјоделските површини. Преку оваа инвестиција создаваме поволни услови за земјоделското производство да биде поекономично, а земјоделците да имаат помали трошоци а поголеми приходи. Поради сегашниот дотраен систем за наводнување, земјоделците трпат загуби во производството, а со изградбата на новиот модерен систем се очекува драстично намалување на трошоците за вода.

Со реализацијата на втората фаза од овој проект ќе се овозможи квалитетно наводнување на над 2.000 хектари земјоделски површини во валандовскиот регион, поточно во регионот на Јосифово и Пирава. Вредноста на Проектот за наводнување на јужната доилна на реката Вардар, втора фаза, е над 24,3 милиони евра. Оваа вредна капитална инвестиција ќе придонесе за производство на конкурентни производи од овој наш голем земјоделски регион“, рече премиерот Заев во своето обраќање.

Премиерот Заев додаде дека ефикасното управување и инвестирање во водостопанската инфраструктура, на што Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство посветено работи, ќе овозможи доволни количини на квалитетна вода за наводнување на земјоделските површини во целата држава.

„Изградбата на современ систем за наводнување во овој регион, е од исклучително значење за земјоделците, за навремена достапност на вода за наводнување на површините, што е особено важно во летните периоди. Системот за наводнување на јужната долина на реката Вардар втора фаза, се состои од главна и секундарна мрежа со вкупна должина од 85 километри, односно замена на главниот отворен канал во затворен гравитациски канал на пупмната станица Удово и пумпната станицата Страиште во должина од околу 9 километри и дополнителна секундарна терцијална и дистрибутивна мрежа. Изградбата на новиот модернизиран систем за наводнување ќе придонесе за зголемување на обработливите наводнувани површини за производство на земјоделските култури кои се важни за овој регион. Конкретно со реализацијата на проектот ќе се овозможи наводнување на над 2.000 хектари земјоделска површина во валандовскиот регион. Со тоа, ќе се создадат услови за одржлива употреба и управување со природните и водните ресурси, што ќе придонесе за подобрување на условите за живот во валандовскиот регион и за зголемено и конкурентно земјоделско производство. Вкупната инвестиција изнесува над 24,3 милиони евра, од кои дел од парите се од буџетот на МЗШВ, а дел се кредит и грант од германската развојна банка „KfW“. Целата тендерската постапка за избор на изведувач на градежните работи беше спроведена транспарентно и професионално , преку меѓународен отворен јавен повик. Кон средината на март го потпишавме договорот со изведувачот на градежните работи, компанијата „Штрабаг“, и еве сме денеска тука да ја означиме изградбата. Комплетната реализација на проектот очекуваме да заврши во 2021 година“, рече министерот Николовски во своето обраќање.

Тој додаде дека Изминативе две години започнати се крупни капитални инвестиции во воводостопанството, како што се браната Конско, Пишица, системите Равен речица, проектот со ЕУ за мали еколошки системи за наводнување и други, коишто ќе овозможат наводнување на нови 32.500 хектари. Целта е да се обезбедат услови за поквалитетно земјоделско производство, поголем приход за земјоделците, а со тоа и поголем економски раст.

Гир: Да се исполнат препораките од ОЛАФ, нема да се намалат средствата за Еразмус+

Евроамбасадорот вели дека согласно стандардните процедури не ги коментира одлуките донесени од ОЛАФ, бидејќи како што рече, тоа е тело на Европската унија за истражување измами.

Амбасадорот на Европската унија во државава Дејвид Гир изјави дека нема да се намалат финансиските средства определени од Европската унија за Националната агенција за Еразмус+, како и дека програмата од која придобивки имаат младите, ќе продолжи понатаму да се имплементира.

Во одговор на новинарско прашање откако Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) побара поврат на 2,2 милиони евра од Македонија злоупотребени преку програмата Еразмус+ Гир денеска рече дека очекува државава да продолжи да ги испорачува препораките дадени од ОЛАФ.

Евроамбасадорот вели дека согласно стандардните процедури не ги коментира одлуките донесени од ОЛАФ, бидејќи како што рече, тоа е тело на Европската унија за истражување измами.

– Очекуваме од страна на Националната агенција за Еразмус+ тука во Република Македонија да продолжи да ги испорачува и да ги исполнува сите препораки коишто се дадени од страна на ОЛАФ. Се разбира дека ние продолжуваме да имаме доверба во работата на самата Агенција за Еразмус+ што значи дека остануваме убедени дека количеството на финансиски средства кои што се определени за Еразмус+ нема да се намалува, напротив ние сме среќни да споделуваме со вас дека Еразмус+ ќе остане да се имплементира и од неа ќе имаат придобивки младите, учениците, студентите и универзитетите во вашата земја, рече Гир, на новинарско прашање по учеството на панел-дискусијата „Разобличување на антиродовите дезинформации“.

Директорот на Националната агенција Марко Ѓоргиевски вчера на прес-конференција соопшти дека биле информирани дека постојат неправилности во врска со проектни досиеја на 22 корисници на грант од програмата Еразмус+ финансирани од Европската комисија. Ѓорѓиевски рече дека не може да соопшти повеќе детали, бидејќи предметот е кај Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција и е во предистражната постапка. Агенцијата,, како што рече, е отворена за соработка и со сите нивни ресурси и документација им стои на располагање на Обвинителството што го истражува предметот и на Управата за финансиска полиција.

Генералниот директорат за образование млади, спорт и култура на Европската комисија, согласно извештајот на ОЛАФ, на 30 ноември 2023 по е-пошта пратил известување до Националната агенција за европски образовни програми и мобилност со барање за поврат на средствата, а овој месец Агенцијата примила известување и за конечност на одлуката. Согласно ова известување, се бара поврат на средства 2.276.212 евра кои биле доделени како грантови во периодот од 2016 до 2018 година.

„Туркиш ерлајнс“ по 10 години ги обнови летовите за Триполи

Турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ ги обнови своите летови за Триполи по 10-годишен прекин, означувајќи ново поглавје во односите меѓу Турција и Либија, пишува турскиот весник „Туркије“.

Авионот на авиокомпанијата слета на меѓународниот аеродром „Митига“ во либиската престолнина и беше пречекан со церемонија на која присуствуваа министерот за транспорт на Либија, Мохамад Салем Аш Шахуби, турскиот амбасадор во Триполи, Кенан Јилмаз, генералниот директор на турската цивилна авијација проф. Кемал Јуксек, генералниот директор на цивилното воздухопловство на Либија, Абдурахман бин Јусуф и генералниот директор на „Туркиш ерлајнс“, Билал Екши.

Министерот за транспорт на Либија, Мохамад Аш Шахуби, изрази благодарност до турската влада за нејзините напори да ги обнови летовите на авиокомпанијата. Според него, тој чекор ќе ги поттикне и другите меѓународни авиокомпании да преземат слични чекори.

Турскиот пратеник Јилмаз рече дека Турција и Либија се решени да ги зајакнат своите односи на полето на транспортот, како и на сите други полиња. Тој подвлече дека обновувањето на летовите претставува историски пресврт во односите меѓу двете земји. /МИА

Мицотакис: Од 1 април минималната плата се зголемува на 830 евра

Зголемување на минималната плата во Грција за 50 евра соопшти грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на денешната владина седница истакнувајќи дека од 1 април ќе изнесува 830 евра, јави дописничката на МИА од Атина. 

Грчкиот премиер посочи дека ова е четврто зголемување во изминатите пет години откако Нова демократија дојде на власт, потсети дека во 2019 година, изнесуваше 650 евра и сега „во суштина има пораст од 27 отсто“.

-По покачувањата во државниот сектор, по покачувањето на пензиите, се спроведува во пракса уште еден чекор во реализацијата на нашите заложби. Воведуваме трајни мерки, го нагласувам ова, трајни мерки, кои се однесуваат на милиони домаќинства и кои очигледно ќе важат и откако ќе поминат меѓународните зголемувања на цените, за да можеме да ја постигнеме поставената цел: во 2027 година просечната плата во нашата земја да биде1.500 евра, а минималната плата 950 евра, рече Мицотакис.

Објасни дека зголемувањето на минималната плата ќе значи и зголемување на уште 18 додатоци и бонуси. /МИА

притисни ентер