Што се случува меѓу Лејди Гага и Бредли Купер , откако тој раскина со Ирина?

Бредли Купер и Лејди Гага дефинитивно ја одбележаа првата половина од оваа година кога станува збор за светскиот шоу бизнис и озборувањата за приватниот живот.

Откако на Оскарите изгледаа како да се вљубиле доедека ја пееја песната од филмот ,,Ѕвездата е родена”, почнаа првите гласни озборувања. Гласини за љубовта меѓу Лејди Гага и познатиот актер почнаа пред премиерата на филмот, а кулминираа откако таа го напушти свршеникот Кристијан Карино. Пред неколку недели се распадна и врската на Купер со рускиот модел Ирина Шајк иако траеше четири години.

Според таблоидите, Лејди Гага моментално се чувствува лошо затоа што сите мислат дека таа е виновна за распаѓањето на врската меѓу Ирина и Бредли. "Дејли Мирор " пишува дека таа одбива да се сретне со актерот и се обидува да се оддалечи , иако честопати излегувале како пријатели до неодамна тврдеа дека меѓу нив се родило посебно пријателство.

Многу фанови очекуваа дека Купер и Гага наскоро ќе признаат дека се заедно или во врска , но тоа се уште не се случило. Некои извори тврдат дека Гага се чувствува лошо затоа што не можела да им помогне на Бредли и Ирина да ја спасат врската. Истите извори велат дека Бредли е во криза по прекинот со Ирина и дека нова врска не му е приоритет.

Сепак, тој и Гага се надеваат дека повторно ќе работат заедно.

Генчов: Полека се претвораме во „Албано-Македонија“

„А гледам дека СДСМ не реагира на настанот и како сега ќе одат да се „гушкаат“ со Вучиќ?“

Политиката е сурова и бара од секого да фати страна. Ние сме од 1994 аспирант за ЕУ и членка за НАТО и ги поддржуваме западните вредности. Но, во обид да најдам пример за било која институција, Совет на ЕУ, Унијата, или различни апликации за членстви и не најдов ниту еден пример, во кој нашата земја гласала поразлично од Албанија и Косово. Такво нешто нема. Според мојата теорија полека се претвораме во „Албано-Македонија“ не во Северна Македонија. И да има елементи да се поддржи било која резолуција против злосторства против човештвото, секоја капка крв ја осудувам, но во политиката често се соочуваме со двојни стандарди. Меѓу нашите сограѓани доколу направите анкета, Србија и натаму е најсојузнички настроена и не може еден министер за надворешни работи тоа да го нема предвид. А гледам дека СДСМ не реагира на настанот и како сега ќе одат да се „гушкаат“ со Вучиќ, праша Александар Генчов во Само Вистина.

Ужас во Бразил: Најмалку 20 полураспаднати тела се најдени во чамец

Најмалку 20 тела во фаза на распаѓање се пронајдени во чамец во близина на брегот на североисточниот дел на Бразил, соопштија официјални лица.

Бродот бил пронајден во близина на брегот на Браганца, североисточно од Паро, на 13 април.

Оттогаш се покренати две истраги.

Официјални лица изјавија дека најмалку 20 тела биле пронајдени во чамецот, но поради распаѓањето на телата, не е познато колкумина загинале во чамецот.

Се претпоставува дека починатите не се од Бразил, туку најверојатно од Карибите, изјавиле истражувачите за CNN Brasil.

Локалните власти соопштија дека немало неодамнешни извештаи за исчезнати Бразилци.

Новинар е убиен во трговски во Колумбија, зашто пишувал за корупција- десет луѓе немо посматраа

Новинарот Хаиме Васкез (54) е убиен во неделата во североисточниот колумбиски град на границата со Венецуела, а се претпоставува дека причината поради која бил нападнат е тоа што главно пишувал и истражувал случаи поврзани со корупција.

Тој бил адвокат, новинар и активист познат по „разоткривањето на корупцијата“ во регионот, изјави колумбискиот претседател Густаво Петро на социјалната мрежа Х, поранешна Твитер.

Претседателот наредил „детална истрага“ за да се фатат сторителите на ова ужасно злосторство.

Доказите, во форма на видео снимки, објавени од колумбиските медиуми потврдуваат дека Хаиме Васкез бил убиен во неделата во продавница во Кукута пред најмалку десет сведоци.

Хаиме бил љубител на „истражување и истакнување во јавните дебати каде што даваше одговори на прашања за кои многу луѓе не сакаат да зборуваат“, рече Џонатан Мохика, пријател на Хаиме Васкез.

Новинарот правел емисии на социјалната мрежа Фејсбук во кои јавно зборувал за незаконитости во јавниот сектор и злоупотреба на овластувањата од страна на локалните власти.

„Постојано добиваше закани поради неговите откритија“, рече Мохика.

Колумбиската фондација за слобода на печатот го осуди убиството и повика на „брза и темелна истрага“.

„Работата на Хаиме Васкез, која откри неправилности во јавните договори и коруптивни практики, го направи многу познат“, соопшти Фондацијата.

Според нивните податоци, дури 163 новинари добиле закани во текот на 2023 година.

притисни ентер