Лицата со инвалидност бараат подобра пристапност до објектите и стандардно лесни колички

Да се подобри пристапноста за лицата со инвалидитет до институциите и објектите каде се изведуваат културно-забавни спортски активности, како и да се прошири списокот на ортопедски помагала, бараат од Националниот сојуз на лица со телесен инвалидидтет

Членовите на сојузот собираат потписи кои ќе ги достават до институциите кои треба да се преземат конкретни чекори за да се смени положбата на лицата со инвалидитет.

– Во 21 век смешно е да се зборува за пристапност, за високи рабници, за многу скалила пред институциите или пред објекти каде се изведуваат културно-забавни спортски активности. Тоа веќе требаше да стане универзален дизајн, требаше веќе да почне да се гради еднаква околина за сите, односно сите лица да имаат можност да ги користат бенефитите и благодетите на општеството. На оваа средба на лицата со телесен инвалдиитет ќе се одржат и спортско рекреативни настани. Нашите членови ќе се покажат во вешто возење колички, пинг понг, пикадо, стреличарство, истакна претседателот на Националниот сојуз на лица со телесен инвалидитет – Мобилност Македонија, Бранимир Јовановски пред почетокот на Осмата масовна средба на лицата со телесен инвалидитет, што се одржа во дворот на Центарот за ортотика и протетика „Славеј" во Скопје.

Посочи дека непристапни се сите институции каде нема лифтови за премостување на висински бариери, каде нема рампи за да може да се качат лицата кои се служат со инвалидска количка, каде нема паркинг простори за да можат тие да го паркираат своето возило и непречено да влезат во институциите.

– Сега е во фаза носење нов закон за градба. Ние пред неколку години успеавме во член 10 во тој закон да вметнеме една одредба каде се вели дека при градење станови во згради, објекти, кои имаат најмалку 10 стана барем еден ќе биде проширен за да може да биде адаптиран за пристап на лица со инвалидност, односно дека ќе има три проценти паркинг простор одбележан пред тие згради, дека сите рабници ќе бидат спуштени и прилагодени за движење на овие лица…Во новиот текст на законот тоа не го гледаме и затоа како Национален сојуз интервенираме и сметаме дека во оваа фаза на нацрт текстот на законот ќе успееме да ги додефинираме работите, рече Јовановски.

Потенцира дека веќе две години преговараат со Фондот за здравствено осигурување во однос на проширување на списокот на ортопедски помагала и додаде дека се надеваат дека ќе се поправат работите во однос на лицата со телесен инвалидитет и дека тие кои користат инвалидски колички ќе може да користат стандардно лесни колички.

Страше Кочевски, член на Мобилност Куманово, кој е активен пингпонгар, член на репрезентацијата и селектор на репрезентацијата, истакна дека пингпонгарите со инвалидност учествуваат на сите поважни европски и светски турнири.

– Државата помага, но не доволно во оној сегмент на агитација на млади спортисти во средни и основни училишта каде треба да биде нашата база и поддршка, додаде Кочевски.

Хаос во Денвер: Брат му на Јокиќ претепа навивач во публиката (ВИДЕО)

Кошаркарите на Денвер Нагетс и во вториот меч во плејоф серијата славеа против Лос Анџелес Лејкерс, овојпат со 101:99, со што дојдоа до водство од 2:0 и комплетно го одбранија домашниот терен од исто толку натпревари.

Кошаркарите на Денвер Нагетс и во вториот меч во плејоф серијата славеа против Лос Анџелес Лејкерс, овојпат со 101:99, со што дојдоа до водство од 2:0 и комплетно го одбранија домашниот терен од исто толку натпревари, но вистинскиот хаос беше виден на трибините во режија на браќата на Никола Јокиќ.

Имено, на видеото кое се појави на социјалните мрежи може да се видат браќата на Јокиќ кои се во клинч со навивач, не се знае дали се работи за навивач на Нагетс или Лејкерс, но таму било и семејството на Јокиќ.

Страхиња Јокиќ, постариот брат на Никола, во еден момент жестоко се скарал со некој од трибините, тргнал кон него, а потоа го удрил со бокс.

Вториот брат на Јокиќ веднаш дошол да го смири Страхиња, а таму биле и сопругата на Никола, Наталија и ќерката Огњена, кои веднаш заминале.

@cgallegos67 #nuggets #nba #lakers #jokic ♬ original sound - Christian

Млад странски работник е убиен во Хрватска, најверојатно Украинец

Во центарот на Славонски Брод попладнево било пронајдено машко тело.

Полициската управа Брод-Посавина соопшти дека е приведено едно лице поврзано со инцидентот, објави Индекс.

Danas.hr дознава дека се работи за млад градежен работник од Украина. Тие наведуваат и дека конфликтот се случил во стан во центарот на градот каде што биле сместени работниците (родени во 90-тите).

За потсетување, полицијата соопшти дека околу 15:17 часот во куќата било пронајдено тело на маж и дека се води истрага, а потоа и кривична истрага која треба да ги расветли сите околности.

Драма на аеродромот во Њујорк- пет авиони ќе се судареа поради грешка на контролорите(ВИДЕО)

Авион на Swiss Air за малку ќе се судрел со четири други авиони на аеродромот Џон Кенеди во Њујорк, откако грешка во комуникацијата предизвикала авионите да слетаат на пистата во исто време.

Инцидентот се случи минатата недела, а сега го истражува Федералната управа за авијација, откако пилотот за среќа видел што се случува и го прекинал полетувањето, објави Њујорк Пост.

Во меѓувреме се огласил и менаџментот на компанијата.

„Поради високата свесност и брзата реакција на нашата екипа, избегната е потенцијално опасна ситуација“, се наведува во соопштението.

Роберт Самвалт, извршен директор на Боинг центарот за воздухопловство и воздушна безбедност на Универзитетот Ембри-Ридл за воздухопловни сили, изјави за CBS дека имало ситуација кога двајца контролори на летање не комуницирале што прави секој од нив.

„Тоа е целосно неприфатлива ситуација“, рече тој.

Џон Ненс, експерт за воздухопловство и соработник на ABC News, објасни дека „преместувањето на четири авиони преку активна писта е многу стресна задача, особено ако нема комуникација меѓу двајца контролори“, рече тој.

притисни ентер