Aцевски: Со мерката за поврат на 15% од ДДВ, за прв пат во нашата земја, секој граѓанин кој плаќа данок добива пари назад од државата

Од 1 јули започнува мерката за поврат на 15 отсто од платеното ДДВ за граѓаните, рече на прес конференција Костадин Ацевски, пратеник на СДСМ и коалицијата.

Со оваа мерка, за прв пат во нашата земја, секој граѓанин кој плаќа ДДВ добива пари од државата, на својата сметка.

Кај граѓаните ќе се вратат околу 50 милиони евра на крајот на секоја година.

Просечно семејство на крајот на годината добива приход плус.

Ако досега, државата само земаше пари од граѓаните, сега за првпат државата враќа пари кај граѓаните.

Повратот на 15 отсто од ДДВ е последната во низата мерки кои обезбедуваат повеќе пари во семејните буџети и кои ги спроведовме за само 2 години:

- Минималната плата ја покачивме од 9.000 на 12.500 денари.

- Ја укинавме радиодифузната такса и ја воведовме ефтината тарифа на струјата, мерка со која над 11 милиони евра завршуваат кај граѓаните.

- Социјалната помош ја зголемивме за 300%, односно од 3.000 на 10.500 денари.

- Го намаливме ДДВ-то за парното од 18 на само 5%.

- Ги намалувме казните и до 75% а трошоците за нотари и извршители и до 90%.

- Просечната плата се зголеми за над 2.000 денари а пензиите за над 800 денари.

- Земјоделците можат да вратат пари од персонален данок а со мерката зелена нафта над 200 милиони денари остануваат за 55 илјади земјоделци.

Концептот „пари кај граѓаните“ е јасно изразен во денари и проценти и претставува успешен модел за подобар животен стандард, подобар живот на граѓанинте, раст и развој.

ВМРО-ДПМНЕ 11 години земаше пари од граѓаните. СДСМ како одговорна партија обезбедува повеќе пари назад кај граѓаните, рече Ацевски.

Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1

Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1, изјави тајландскиот премиер Срета Тависин, кој денеска оствари средба со шефот на Ф1, Стефано Доменикали.

„Тајланд има капацитет да биде домаќин на Формула 1 во Бангкок“, напиша шефот на владата на социјалната мреќа Икс, по разговорите во Бангкок.

„Ако го направиме тоа, сигурен сум дека нашата земја ќе остави неверојатни спомени за другите, бидејќи имаме добар потенцијал, капацитет и гостопримство“, наведе Тависин.

Владиниот портпарол, цитиран од локалните медиуми, рече дека трката би се организира низ улиците на стариот дел на Бангкок, познат по големиот сообраќаен метеж и проблемите со инфраструктурата.

Тајланд е домаќин на трка во Светскиот шампионат во Мото ГП која секоја година се одржува во Бурирам, сиромашен, рурален регион на повеќе од пет часа возење од главниот град. /МИА

За една недела во Грција се уапсени 379 лица за семејно насилство

Минатата седмица грчката полиција уапсила 379 лица по поднесени пријави за семејно насилство, а 23 жртви биле пренесени во центрите за згрижување, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерството за заштита на граѓаните на Грција информираше за резултатите од спроведувањето на новиот план на полицијата за справување со криминал, семејно насилство и врсничко насилство.

Согласно неделниот извештај, во периодот од 15 до 21 април, полицијата примила 1.025 повици за семејно насилство, а на 81 жена – жртва на насилство ѝ била инсталирана специјалната апликација за помош „Panic Button“ на грчката полиција .

Биле пријавени 633 случаи на семејно насилство, при што биле уапсени 379 лица, а 23 жртви на насилство биле пренесени на безбедни локации.

Во однос на малолетничката деликвенција и врсничкото насилство биле извршени проверки на 6.004 лица, од нив 344 биле приведени, а 160 уапсени и биле потврдени 270 прекршоци.

Како на младите да им се врати љубовта кон книгата?

Некогашната парола, книгата е прозорец кон светот, за младите повеќе не важи. 

За нив прозорец кон светот е интернетот, книги читаат само понекогаш, ако тоа од нив го побараат наставниците.

Дека е така потврдуваат и дел од издавачите на овогодинешниот саем на книга.

Најмалку читаат средношколците, и основците, а книги купуваат најчесто кога се на попуст. Слободното време, најчесто го поминуваат на интернет. За разлика од нив, за повозрасните, технологијата не е предизвик.

36 издание на Саемот на книга завршува утревечер, во 20 часот.

притисни ентер