Реконструкција на Влада – Заев ќе биде и министер за финансии, Димковски нов министер за земjоделство

Премиерот Зоран Заев, денеска од Валандово, најави дека ќе достави предлог до Собранието за новиот владин состав. 

Премиерот Зоран Заев, денеска од Валандово, најави дека ќе достави предлог до Собранието за избор на Трајан Димковски за нов министер за земјоделство, Насер Нуредини за животна средина и просторно планирање, Хусни Исмаили за култура, Горан Милевски за локална самоуправа и Садула Дураки за политички систем и односи меѓу заедниците.

Обврската Министер за финансии ќе ја преземе лично тој, посочувајќи дека ќе ја извршува функцијата во определен период заедно со функцијата претседател на Владата.

Предлогот денеска ќе биде доставен до Собранието и следната недела ќе биде ставен на дневен ред. Ќе доставам предлог за избор на министри во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски. Министер за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини. Министер за култура Хусни Исмаили, Министер за локална самоуправа Горан Милевски. Министер за политички систем и односи меѓу заедниците Садула Дураки.

Заев изрази благодарност до досегашните министри за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, за култура Асаф Адеми, за финансии Драган Тевдовски, за локална самоуправа Сухејл Фазлиу, за рамковниот договор Хазби Лика и за регулатива и инвестиции на домашни фирми Зоран Шапуриќ, за како што рече што и служеа на државата и народот извршувајќи ја функцијата. 

Тревога на аеродромот во Белград, евакуирани 130 патници

Утринава од аеродромот „Никола Тесла” во Белград беа евакуирани 130 патници и пет члена на екипажот од авионот на германската компанија „Луфтханза“ поради најава дека има бомба во авионот.

Авионот како што пренесуваат српските медиуми бил во подготовка за лет кон Франкфурт кога пристигнала дојавата, а на аеродромот веднаш биле испратени полициски екипи.

„Сите одговорни служби, вклучувајќи ги аеродромските услуги, веднаш реагираа во согласност со процедурите за да обезбедат највисоко ниво на безбедност за патниците и авионите, како главен приоритет”, се вели во соопштението на аеродромот.

Од таму додаваат и дека воздухопловниот сообраќај, се одвива според предвидениот распоред за летови.

СДСМ: Мицкоски бега од лидерска, реформи и од јавноста

Христијан Мицкоски да излезе пред граѓаните и да одговори дали се сретнал со еден од осомничените, на кој му е одредена мерка притвор.

Мицкоски бега од лидерска, Мицкоски бега од реформи, Мицкоски бега и од јавноста.

Наместо да бега, Мицкоски да излезе и да и одговори на јавноста, на граѓаните:

Дали со еден од осомничените на кои им е одредена мерка притвор имал неколку средби во една позната дискотека, а потоа и во белиот дворец?

Дали посегнал по парите на еден од осумничените?

Мицкоски е против правдата затоа што единствена негова мисија и цел е одбрана на криминалот на вистинскиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Мицкоски и штети на државата и работи против датум за преговори.

Ахмети се сретна со новата амбасадорка на САД Брнз

 Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, во Амбасадата на САД во Скопје, оствари средба со новата американска амбасадорка во Македонија, Кејт Мари Брнз.

Ахмети и честитал на амбасадорката Брнз за новата должност и изразил убедување дека успешната соработка со САД ќе продолжи и во иднина во насока на реализирање на нашите заеднички цели,Македонија интегрирана во НАТО и ЕУ и со функционална демократија.

Од ДУИ денеска соопштија дека Ахмети и Бернс разговарале и за заедничките достигнувања во насока на општествената кохезија, договорите со Атина и Софија и патот кон НАТО и Европската Унија.

– Ахмети истакна дека ни претстои уште многу работа, посебно во насока на владеењето на правото и реформите, вклучувајќи ги тука и одговорноста и отчетноста. Нашата земја чекори кон евроатланската интеграција и задолжително треба да ги исполни бараните стандарди, додека ДУИ ќе продолжи да биде партнер во реализација на реформите за доброто на нашите граѓани, стои во соопштението од ДУИ.

Ахмети, се подвлекува во соопштението, посочил дека сите достигнувања се заеднички и оти САД може да сметаат дека ДУИ ќе продолжи да биде искрен партнер.

притисни ентер