Падна авион на Хаваи – загинаа 11 спортски падобранци и пилотот (ВИДЕО)

Сите 11 патници и пилотот загинаа во пад на мал авион на Хаваи .

Авионот паднал во близина на аеродромот Дилингам , каде спортските падобранци тебало да скокаат . Двомоторниот авион , во кого имало 11 падобранци и пилотот, се урнал веднаш по полетувањето , по што никој не ја преживеал несреќата.

Локалните власти соопштија дека по падот , авионот се запалил.

Сојузната агенција на САД за цивилни летови ќе почне истрага за причините за несреќата.

ДавидовиЌ: Спречил ли Дончев, Шведска инвестиција во македонското здравство?!

Дали е на повидок нова афера, овој пат во здравствената сфера. Бизнисменка од Скопје поднела кривична пријава против Ден Дончев и Венко Филипче дека наводно се обиделе да стопирале шведска компанија да инвестира во земјава.

Адвокатот на бизнисменката Вера Иванова, Ѕвонко Давидовиќ, вели дека министерот и директорот на фондот за здравство, ја злоупотребиле службената положба, за што постоеле повеќе докази.

 Филипче и Дончев став најавија деновиве.

Државниот врв се обедини против дезинформациите и лажните вести

Државниот врв почнува борба со лажните вести како голема закана за безбедноста и демократијата во современото општество. 

Пропагандата и дезинформацијата имаат потенцијал да промовираат говор на омраза и насилство и да ја намалат довербата во демократските вредности, рече премиерот Зоран Заев на првиот конститутивен состанок на Акциската група што ќе ги координира државните институциите во оваа борба.

Заев како пример за лажни вести посочи некои од информациите и вестите кои континуирано се објавуваа за Договорот од Преспа.

Во оваа ера на дигитализација кога сите информации ни се достапни со еден клик, често немаме можност да направиме разлика меѓу издржана и професионална вест од дезинформација, а општество без силни медиуми не може да се развива демократски, смета претседателот Стево Пендаровски.

Лажните вести се и закана за безбедноста на државите, вели тој.

Кампањата против лажните вести ќе се води според стандардите на Европската комисија и секторот за комуникации на НАТО.

Од октомври е најавена серија консултации со граѓанските организации и медиумите, но и иницијатива за регистар за професионални онлајн медиуми со познато сопствеништво и импресум. 

Изменет режим на сообраќај утре во Скопје поради велосипедско дефиле „Ден без автомобили"

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците по кои ќе се одвива настанот. 

Одделението за безбедност на патниот сообраќај информира дека утре во Скопје ќе биде изменет режимот на сообраќајот поради велосипедско дефиле „Ден без автомобили", со кое ќе се  одбележи Европската недела на мобилност 2019 – Пешачи со нас.

Дефилето, кое го организира Градот Скопје, ќе почне во 11 часот од паркот „Ибни Пајко", потоа по улицата „Филип Втори Македонски", лево по булеварот „Гоце Делчев", лево по булеварот „ВМРО", потоа десно по булеварот „Партизански одреди", десно по булеварот „8-ми Септември" и десно по булеварот „Илинден" до Градски парк (Школка).

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците по кои ќе се одвива настанот. 

притисни ентер