Трамп ја одложи акцијата за масовни апсења мигранти

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека за две недели ја одложува најавената акција за масовни апсења на нелегални имигранти со цел да се даде време на законодавците да постигнат компромис за имиграциските прашања.

"На барање на демократите, јас го одложив процесот на отстранување на нелегалната имиграција (депортација) за две недели, со цел да се види дали демократите и републиканците заедно ќе најдат решение за проблемот на азил и нелегални премини на јужната граница", напиша Трамп на Твитер. "Ако не, почнуваат депортациите", додаде тој.

Претходно во саботата, претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси ги повика верските водачи да извршат притисок врз претседателот Доналд Трамп да ја запре акција против имигрантите и нивна масовна депортација, што денеска требаше да опфати 2.000 семејства во 10 градови во САД.

Демократот Пелоси рече дека рации и депортации "ќе донесат страв во нашата заедница" и ќе ги разделат семејствата.

"Кампања на претседателот не се разликува од извршување сериозен криминал", рече Пелоси и ги повика верските и другите лидери да му укажат на Трамп за вредноста на американската програма за бегалци.

Батлер чека вести за својата повреда: Немам добро чувство...

Бекот на Мајами, Џими Батлер, ќе биде подложен на магнетна резонанца на повреденото десно колено пред да гостува во Чикаго во меч од плеј-инот на НБА.

Конечната одлука нема да биде донесена додека не се прочитаат резултатите од тестовите, а Батлер би можел да пропушти барем неколку недели. Кошаркарот се повреди во првата четвртина од натпреварот против Филаделфија.

- Немам добро чувство, тоа е се што можам да кажам. Се надевам дека сум добро, коментираше Џими Батлер по натпреварот.

Агентот на Батлер, Берни Ли потврди за западните медиуми дека степенот на повредата се уште е нејасен.

Триесет и четири-годишниот бек имаше просек од 20,8 поени на 60 натпревари за Хит оваа сезона. /МИА

„Гответе со Дракче“ - Чаен колач

Во четврток (18.04.2024) во емисијата гостин ни беше Анета Љумаковска.

Состојки за денешниот рецепт:

3 јајца

2 банани

1 јаболко

1 лажиче мед

1 кесичка прашок за пециво

2 лажици интегрално брашно

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

притисни ентер