Пред точно 85 години беше потпишан договор за легендарната Фолксваген Буба

Пред точно 85 години, на 22 јуни 1934 година беше потпишан договор за развој на KDF-Wagen, познатиот Volkswagen Буба, автомобилот кој го смени текот на автомобилската индустрија.

Тој ден Фердинанд Порше потпиша договор со германската влада за развој на "автомобил за луѓето", едноставен и сигурен.

Барањата беа да има простор за пет лица, моторот да биде со воздушно ладење (за лесно одржување во зимски услови), да достигнува 100 km/ h и да троши осум литри на 100 километри.

И што е најважно, цената да биде до 1.000 марки за да се овозможи да ја купи просечниот германски работник, со што беа поставени темелите за моторизацијата на Германците.

Тогаш Фердинанд Порше комуницирал со Адолф Хитлер со кого почнал да се среќава уште во 1933 година.

Порше стана "државен конструктор број 1" и ќе игра решавачка улога во развојот на воената технологија за Вермахтот.

Во наредната година и половина беа направени три прототипи, за кои на 22 октомври 1936 година почна сеопфатна програма за тестирање.

Врз основа на добрите резултати на 28 мај 1937 година, основана е државна компанија, сега позната како _Folksvagen. Конечно, на 26 мај 1938 година, во Фалерслебен, беше воведен KdF-Wagen, кој ќе се прослави како Фолксваген Буба.

Сепак, пренасочување на ресурсите на воените вложувања значи дека испораките на KdF-Wagen на приватни клиенти ќе започнат дури по Втората светска војна. Во меѓувреме се произведени серија на воени верзии, а за заживување на производството во 1945 година заслугата му припаѓа на британскиот мајор Иван Хирст.

Тоа беше почетокот , а по освојувањето на светот на 17 февруари 1972 година од производната линија во Волфсбург излезе VW Буба под број 1 500 7034, со што го урна 45-годишниот рекорд на легендарниот Ford Model T и историјата на автомобилизмот доби нов рекордер.

Производството во Европа беше прекинато на 19 јануари 1978 година, а производството продолжи во Бразил и Мексико. До 2003 година беа произведени вкупно 21,5 милиони примероци ан Буба, која годинава и конечно престана да се произведува.

Израел го критикуваше конечниот извештај за обвинувањата против УНРВА

 Израел го критикуваше извештајот за Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА), главниот обезбедувач на хуманитарни услуги во Газа, пренесе ДПА.

Експертите задолжени за истрага на неутралноста на ОН во однос на наводите дека вработени во ОН биле вмешани во нападите врз Израел на 7 октомври препорачаа заострување на заштитните мерки во „осум критични области“.

Во исто време, во нивниот извештај се вели и дека Израел досега не доставил докази дека одредени вработени биле членови на терористички организации.

Извештајот „ја игнорира сериозноста на проблемот“, напиша портпаролот на израелското Министерство за надворешни работи Орен Марморштајн на X.

- Проблемот со УНРВА-Газа не е во неколку лоши јаболка; тоа е гнило и отровно дрво чии корени се Хамас, напиша тој.

- Хамас толку длабоко се инфилтрира во УНРВА што веќе не е можно да се одреди каде завршува УНРВА, а каде почнува Хамас, напиша Марморштајн.

- Вака не изгледа вистински и темелен преглед. Вака изгледа обид да се избегне проблемот и да не се решава директно, нагласи тој и додаде дека „УНРВА беше дел од проблемот, а не дел од решението“.

- Постојат и други решенија. УНРВА не може да биде дел од решението во Газа ниту сега, ниту во иднина, изјави портпаролот на израелското МНР. /МИА

Пет тела пронајдени во куќа во Оклахома, полицијата се сомнева дека станува збор за убиство

Телата на пет лица, меѓу кои две деца, се пронајдени во куќа во Оклахома Сити, соопшти денеска американската полиција. 

Поручникот Гери Најт од полицијата на државата Оклахома изјави дека загинатите се членови на едно семејство и дека починале од насилна смрт, пренесува Ен-Би-Си Њуз.

Најт додаде дека полицијата сè уште не може да открие што точно откриле инспекторите.

-Полицијата беше испратена во дом на околу 20 милји западно од центарот на Оклахома Сити под сомнение дека содржи тела, рече Најт.

Според него, на сите тела имало повреди кои изгледаат како да се работи за убиство. /МИА

„Гответе со Дракче“ - Пржена пастрмка

Во понеделник (22.04.2024) во емисијата гостин ни беше Петар Нечовски.

Состојки за денешниот рецепт:

2 пастрмки

4 лажици пченкарно брашно

5 лажици бело брашно

малку магдонос за украсување

1 црвен домат

мајонез, лимон

сув зачин, сол, бибер

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

притисни ентер