Од 1 јануари 2020. почнува фазно пренесување на нови надлежности од централно на локално ниво

Премиерот Зоран Заев денеска оствари состанок со Управниот одбор на ЗЕЛС, на која биле разменети мислења и ставови со цел натамошен квалитетен развој и имплементација на процесот на децентрализација.

На средбата, како што информираат од владината прес-службеа, е утврден заклучок, за конкретна временска рамка за подготовка на државата за следната фаза за институционална и финансиска децентрализација.

– Постигната е согласност од 1 јануари 2020 година да започне фазно пренесување на нови надлежности од централно на локално ниво во областите каде ќе биде оценето дека е тоа можно и потребно. При тоа, со новиот Буџет за 2020 година ќе бидат земени предвид и финансиските потреби на општините за коишто треба и има можност да помогне државата, се наведува во соопштението.

Во таа насока договорено е да се формираат работни групи со членови од централната и локалната власт и уште во текот на летото да се почне со утврдување на областите од коишто ќе се децентрализираат надлежности.

Премиерот Заев, порача дека Владата е подготвена час поскоро да пренесе нови надлежности од централно на локално ниво.

– Со префрлените 51 милион евра за покривање на долговите на општините покажавме како Влада дека сме фокусирани да обезбедиме функционални локални заедници. Средствата што се предвидени од централно ниво за патишта и за водоводи, дополнително ќе им олеснат на општините, средствата од нивните буџети за овие намени, да ги насочат кон други потреби. Општините можат да помогнат многу во економскиот развој. Потребна е креативност во обезбедувањето средства преку проекти и рационалност каде што е можно. А интеграциите на нашата држава и отворањето на преговорите со ЕУ ќе значат и достапност на европски фондови и повеќе пари и за инфраструктурата, за животната средина, за проекти во социјалната сфера, образованието, културата. Владата подава рака за вистинска функционална децентрализација, потребно е пофункционално и попосветено решавање на работите, рече меѓу другото премиерот Заев.

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Скопје, Петре Шилегов ги соопштил клучните предизвици со коишто се соочуваат општините и можните решенија што ги предлага ЗЕЛС. Нагласил дека за ЗЕЛС е прифатливо општините да влезат оперативно во процесот на децентрализација, да добијат повеќе финансиски средства, но и да преземат повеќе надлежности.

На состанокот, се вели во владиното соопштение, биле разгледани можностите за финансирање преку одделување повеќе средства за општините од даноците, капацитетите за преземање нови надлежности на општинско и на регионално ниво, со што ќе се слеваат и по тие основи повеќе пари во локалните заедници, а и граѓаните ќе добиваат побрзи, поквалитетни и поефикасни услуги.

Пет тела пронајдени во куќа во Оклахома, полицијата се сомнева дека станува збор за убиство

Телата на пет лица, меѓу кои две деца, се пронајдени во куќа во Оклахома Сити, соопшти денеска американската полиција. 

Поручникот Гери Најт од полицијата на државата Оклахома изјави дека загинатите се членови на едно семејство и дека починале од насилна смрт, пренесува Ен-Би-Си Њуз.

Најт додаде дека полицијата сè уште не може да открие што точно откриле инспекторите.

-Полицијата беше испратена во дом на околу 20 милји западно од центарот на Оклахома Сити под сомнение дека содржи тела, рече Најт.

Според него, на сите тела имало повреди кои изгледаат како да се работи за убиство. /МИА

„Гответе со Дракче“ - Пржена пастрмка

Во понеделник (22.04.2024) во емисијата гостин ни беше Петар Нечовски.

Состојки за денешниот рецепт:

2 пастрмки

4 лажици пченкарно брашно

5 лажици бело брашно

малку магдонос за украсување

1 црвен домат

мајонез, лимон

сув зачин, сол, бибер

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Американскиоот Сенат гласа за помошта за Украина

„Задачата пред нас е итна. Повторно е на Сенатот да испише историја “, рече лидерот на републиканците во Сенатот, Мич Меконел.

Американскиот Сенат денеска треба да гласа за големиот пакет помош за Украина, што се очекува речиси сигурно да биде одобрен бидејќи Претставничкиот дом даде зелено светло за помошта со широка двопартиска поддршка по неколкумесечни расправи.

Лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер, чија партија тесно го контролира тој дом на Конгресот, во саботата рече дека „крајот на дебатата“ за пакетот помош сега е на повидок и дека договорот е „одреден“ за гласање во вторник.

„Задачата пред нас е итна. Повторно е на Сенатот да испише историја “, рече лидерот на републиканците во Сенатот, Мич Меконел.

Конечниот пакет, што предвидува 95 милијарди долари вкупна воена помош за американските сојузници, вклучително и пари за Израел и за Тајван заедно со 61 милијарда долари за Украина, се очекува да стигне кај претседателот Џо Бајден за негово одобрување до крајот на неделата.

Гласањето во Сенатот треба да оди непречено, без да мора да се справува со комплицираните преговори и несогласувањата со кои се занимаваше Претставничкиот дом под контрола на републиканците. /МИА

притисни ентер