Хамилтон ја освои пол позицијата пред утрешната трка за Големата награда на Франција

Луис Хамилтон во болидот на Мерцедес имаше најдобро време на квалификациите пред утрешната трка за Големата награда на Франција.

Британецот дури два пати го собори рекордот на патеката , па така тој изнесува  1:28.448 , што беше доволно за минатогодишниот првак да си обезбеди пол позиција. Меѓу неговите два брзи круга , рекордот на патеката го собори и Валтери Ботас (1:29.437),но тоа беше доволно само за твора позиција.

Од третата позиција ќе тргне возачот на Ферари , Шарл Леклер , кој зад себе го остави Макс Верстапен.

Фетел се квалификува меѓу првите десет , бидејќи во последната делница на трката имаше проблеми со преносот , но не се знае дали тоа значи и технички проблем на болидот.

Во пријателски натпревар „Пирин" Благоевград подобар од ФК „Каменица Саса"

Во пријателска средба одиграна на стадионот Христо Ботев во Благоевград, екипата на „Каменица Саса" загуби од домашната екипа на Пирин со 2:0.

Головите на натпреварот беа постигнати во второто полувреме кога домаќините беа понадмоќни од гостите од М.Каменица.

Стрелец на првиот погодок за домашната екипа беше поранешниот играч на Арсенал, Колин Хендерсон кој постигна ефектен погодок од 30-35 метри во 55 минута од натпреварот. Победата ја потврди В’лчанов петнаесет минути пред крај на средбата./МИА

Унгарците го отворија спектакуларниот стадион во Будимпешта (ВИДЕО)

Со пријателски натпревар меѓу Унгарија и Уругвај во Будимпешта е отворен новиот стадион, „Пушкаш Арената“ со капацитет од 68.000 гледачи.

Стадионот, кој има најголем рејтинг со четири sвездички од  УЕФА, беше распродаден и натпреварот заврши со победа од 2-1 на гостите . Головите за Уругвај ги постигнаа Единсон Кавани (15 мин) и Брајан Родригез (21 мин), додека голот за Унгарија го постигна Адам Шалаи (24 мин).

Изградбата на „Пушкаш Арената“ чинеше неверојатни 620 милиони евра, двојно повеќе од проценетата цена.

Стадионот е изграден на местото на стариот Непстадион, кој беше отворен во 1953 година и беше целосно срушен пред три години. Пушкаш Арена е именувана по најдобриот унгарски фудбалер на сите времиња, Ференц Пушкаш.

Интересно е што почетниот удар го изведе 93-годишниот Никита Симонјан, кој исто така го отвори Непстадион во 1953 година на натпревар помеѓу Хонведо и Спартак Москва.

Претстојното Европско првенство во фудбал во 2020 година ќе има четири натпревари на „Пушкаш Арената“ - три во групната фаза и еден дуел во осмина финалето.

Унгарската репрезентација во вторник ја чека последното коло од квалификациите за ЕУРО 2020, на гостувањето во Кардиф против Велс .

Жељко Обрадовиќ со пцуење и навреди кон своите играчи (ВИДЕО)

Фенербахче во 8. коло на Европлигата загуби на гости од ЦСКА со 88: 70 и има лош вкупен резултат 2-6.

Тимот предводен од Жељко Обрадовиќ играше изедначено во првото полувреме, но се распадна доцна во третата и последната четвртина. Легендарниот српски тренер, познат по својот темперамент, не издржа најдобро на паузата на своите кошаркари , па во еден момент тој целосно го загуби темпераментот и ги навредуваше сите.

„Мислите дека сте добри момци, нели? Е...те се сите! Е..те се ! ОК? Сакате да ве повторам милион пати? Е.. се  Џиџи Датом! Срами се! И ти Махмутоглу исто !„ викаше Обрадовиќ на  своите играчи.

притисни ентер