Градоначалникот Дудуш се закани кон оној што ја објавил спорната аудио снимка

Во јавноста синоќа беше објавена аудио снимка за која се тврди дека се слуша гласот на градоначалникот на скопско Шуто Оризари, Курто Дудуш како наводно затвора едно лице во канцеларија и го тепа.

Снимката ја објави порталот Лидер со тврдење дека им ја пратил „свиркач“ но и со образложение дека не знаат на кој начин е прибавена. Како што наведува порталот, на снимката се слуша како градоначалникот Дудуш го прашува извесен Сенат зошто го пцуел „на сред центар“ и почнува физички да го измачува.

Дудуш, кој е и поранешен пратеник од редовите на СДСМ, во реакција до медиумите најави пријава за објавената аудиоснимка. Тврди дека се работи за монтирана снимка од осуденик и ако била вистинита ќе бил со повреди а за тоа ќе се водел случај.

Соработката со криминалци од калибарот на Сенат Јашар, поранешен осуденик за вооружен грабеж и осомничен за ред други случи на насилство и нарушување на јавен ред и мир, нема да му донесе новинарски поени бидејќи од такви лица може да добие само монтирани аудио снимки. Да имало вистина во снимката, ќе имало повредени, лекарско уверение, случај,стои во реакцијата на Дудуш. Од СДСМ го осудија насилство и очекуваат органите да го расчистат случајот.

,,Очекуваме сите надлежни институции да постапат, да го расчистат случајот и да ја информираат јавноста. Моралните аспекти и личната совест, како и човечкиот интегритет се вредности кои подразбираат и одговорно однесување и делување.

Од ВМРО ДПМНЕ обвинија дека градоначалниците од партијата на власт ги злоупотребуваат кабинетите за како што велат матни зделки. Опозициската партија бара оставка од Дудуш.

По објавувањето на снимката низа реакции и на социјалните мрежи во кои се бара реакција од надлежните. Од Обвинителството велат дека случајот кај нив не е пријавен но ги следат сите информации. Ако добијат пријава ќе постапат, но и да не добијат ќе реагираат по допрен глас. Од МВР кусо одговорија дека го испитуваат случајот.

Сообраќајот тековно и без застои

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Патниот правец Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица од 01.04.2024 е пуштен за сообраќај за сите видови возила со вкупна тежина до 3.5 тони.

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Поради предизборни митинзи за претседателските избори викендов во централното градско подрачје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим. 

Како што информира Министерството за внатрешни работи од денеска од 19 часот до утре до 21 часот на улицата „Св. Кирил и Методиј“ ќе биде воведен посебен сообраќаен режим поради одржување на митинг што ќе се одржи утре во 13 часот пред седиштето на Европската унија. За сообраќај ќе биде затворена ул.„Св.Кирил и Методиј“ на потегот од крстосницата со бул.„Кочо Рацин“ до крстосницата со бул.„Св. Климент Охридски“.

Утре во 20 часот на плоштадот „Македонија“, пак, ќе се одржи митинг од изборната кампања за претседателските избори поради што Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје, а сообраќајот времено ќе се запира на сообраќајниците по кои ќе се движат учесниците на настанот.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.

Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње

 Два пожара на отворен простор се регистриранио во последното деноноќие, соопшти ЦУК. 

Гореле диви депонии во атар на с.Церово, Општина Желино и над расторанот „Дарданија“ кај с.Боговиње.

Интервенирале пожаникари од Тетово и ренеџер од Наионалниот парк „Шар Планина“. Според последните информции, пожарите се локализирани.

ЦУК апелира за внимателност заради најавените метеоролошки промени со дожд, ветер и снег на повисоките места.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.

притисни ентер