Катругалос: Очекував подоследен став од Европа за Северна Македонија

Очекував еден подоследен и повеликодушен став на Европа кон Северна Македонија, вели министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос.

Катругалос во интервјуто за грчкиот весник „Ефимерида тон синдактон", ги коментираше одлуките на Советот на министри на ЕУ за нашата земја.

-Постои општа опасност за кредибилитетот на ЕУ ако остави впечаток дека не ги исполнува нејзините обврски кон земји како што е Северна Македонија кои целосно ги исполнија нивните. Од овие причини, очекував еден подоследен и повеликодушен став на Европа кон оваа земја. Но, и вака, отворен е патот за отпочнување преговори од октомври, вели Катругалос.

Во однос на ставовите на опозициите во двете земји, шефот на грчката дипломатија вели дека е позитивно тоа што Нова демократија го прифаќа Договорот од Преспа и додава дека е важно тоа што во заклучоците на Совет за општи работи вклучено е и спроведувањето на Договорот.

-Официјалното прифаќање на Договорот од раководството на Нова демократија и покрај тоа што постојат несогласувања од крајно десничарското крило, јасно е дека е позитивна разврска. Но, постои уште една поважна разврска: неодамнешната одлука на Совет за општи работи, надлежното тело на ЕУ за проширувањето, јасно и по прв пат го поврзува лојалното спроведување на Договорот од Преспа со интегративната перспектива на соседната земја. Ова е основна гаранција, Северна Македонија никогаш повеќе да не се врати на националистичките политики од минатото, па дури, иако мислам дека не е можно, да има каква било промена на власта, вели шефот на грчката дипломатија во интервјуто. /МИА

Македонија гласа на првиот круг претседателски избори

Македонија по 7 пат бира претседател на државата. Гласачките места  ќе бидат отворени  до 19 часот. 

По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.право на глас имаат вкупно 1.814.317 избирачи, а според заклучениот избирачки список на Државната изборна комисија, за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи. Вчера на 31 избирачко место гласаа и нашинци во дијаспората, како и затворениците и болните и немоќни лица. Утринава нашата екипа е на отворањето на гласачките места во Влае. Таму е Игор Манасивски.

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

Лични документи можат да се подигнат и денеска

Лични документи можат да се подигнат и денеска, на денот на изборите, информираат од МВР.

- Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 24.04.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот, соопштуваат од МВР.

Исто така, граѓаните на Скопје, ќе можат своите лични карти да ги подигнат во полициските станици во Скопје.

Јавниот превоз во Скопје со неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Јавниот превоз денеска ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи, соопшто Јавното сообраќајно претпријатие Скопје.

Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

притисни ентер