Еден од повредените полицајци во сообраќајката кај скопската обиколница им подлегна на повредите

Полицаецот С.Б. кој беше потешко повреден во сообраќајната несреќа што се случи вчера кај скопската обиколница им подлегнал на повредите во Ургентниот центар.

Вториот повреден полицаец е вон животна опасност.

Според информации од МВР, во несреќата во која учествувале патничко и полициско возило и камион, на самото место загина совозачот во „БМВ"-то, а меѓу повредените е и возачот.Несреќата, како што наведуваат од МВР, се случила во моментот кога полицаец, кој вршел редовна контрола на брзината на движење на возилата, го запрел автомобилот „бмв". Во тој момент камион „ман" удрил во „бмв"-то, по што тоа удрило во полициското возило „шкода јети" и се запалило.

На 21.06.2019 во 16,30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на обиколницата “Мајка Тереза“, кај клучка Приштина во правец од Тетово кон Радишани, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „МАН“ со скопски регистарски ознаки управувано од Д.Н.(37) од Куманово, патничко моторно возило „Јети“, сопственост на МВР, и патничко моторно возило „БМВ“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.А. (22) од Гостивар. Двајца полициски службеници вршеле радарска контрола и го запреле возилото „БМВ“, а потоа во нив удрило товарното моторно возило. По ударот, возилото „БМВ“ се запалило. На местото на настанот починал совозачот во возилото „БМВ“, Р.А.(34) од Гостивар. Со возило на Итна медицинска помош А.А. и двајцата полициски службеници С.Б.(37) и Г.А.(48) биле пренесени во комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, но во болницата С.Б. им подлегнал на повредите.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје вчера изврши увид на местото на тешката сообраќајна несреќа на скопската обиколница.

ДИК : Силјановска Давкова со 37,80 % , Пендаровски 18,66 % од гласовите

Според податоците на Државната изборна комисија , на 59,61 % обработени податоци , во водство е Гордана Силјановска Давкова со 37,80%

На второ место е Стево Пендаровски со 18,66 проценти од гласовите.

Бујар Османи освоил 15,63 % , Максим Димитриевски 8,09% , Арбен Таравари 11,39 % , Билјана Ванковска 4,49 % и Стевчо Јакимовски 0,96%.

Стево Пендаровски

97.592 | 18,66%

Гордана Сиљановска Давкова

197.741 | 37,80%

Стевчо Јакимовски

4.997 | 0,96%

Бујар Османи

81.748 | 15,63%

Билјана Ванковска Цветковска

23.472 | 4,49%

Арбен Таравари

59.591 | 11,39%

Максим Димитриевски

42.296 | 8,09%

(21.05 ч.) ВМРО-ДПМНЕ на 61% : Силјановска 246977 , Пендаровски 115722гласови

Според аналитичкиот центар на ВМРО – ДПМНЕ, на 60 % обработени податоци , во водство е Гордана Силјановска Давкова со преку 130.000 гласови пред Пендаровски

ДИК : Силјановска Давкова со 37,07% , Пендаровски 18,29 % од гласовите

Според податоците на Државната изборна комисија , на 50,24 % обработени податоци , во водство е Гордана Силјановска Давкова со 37,07%

На второ место е Стево Пендаровски со 18,29 проценти од гласовите.

Бујар Османи освоил 16,33 % , Максим Димитриевски 7,87% , Арбен Таравари 12,07 % , Билјана Ванковска 4,38 % и Стевчо Јакимовски 0,97%.

притисни ентер