Италијанската влада го преживеа гласањето доверба

Италијанската влада денеска преживеа гласање доверба во долниот дом на италијанскиот парламент, со што се отвори патот за усвојување на закон со цел да се зголеми економскиот раст со даночни олеснувања и стимулации за инвестирање.

Парламентот мора да ја трансформира во закон одредбата на владата која беше усвоена во април и беше презентирана како клучен сет мерки за зајакнување на италијанската економија. Според италијанскиот институт за статистика ИСТАТ, третата по големина економија во еврозоната би можела да го намали БДП во вториот квартал од оваа година, по кратката и слаба рецесија на крајот од 2018 година.

Владејачката коалиција на антисистемското движење Пет ѕвезди и десничарската Лига го преживеа гласањето за доверба. 181 пратеник гласаше за смена на владата, а против беа 288 пратеници. Владата иницираше гласање за доверба за расчистување на опозицијата и забрзување на напредокот . По конечното усвојување во Долниот дом, законот ќе мора да го одобри Сенатот , така што ќе стапи на сила кон крајот на јуни.

Покрај даночните олеснувања и стимулациите за инвестиции, владата додаде мерки кои ја надминуваат оригиналната рамка и интервенираат во неколку чувствителни области. Законот и овозможува на владата да инвестира околу 145 милиони евра во кој било механизам со што може да се спаси проблематичниот национален авиопревозник Алиталија. Исто така, законот го проширува опсегот на планот на владата за да се компензираат штедачи, кои се погодени од кризата на банките и воведува мерки за простување на долгот за задолжените градови и општини, како Рим.

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер