Трамп му се закани на новинар со затвор поради фотографија

Американскиот претседател Доналд Трамп му се закани  на новинар на магазинот "Тајм", кој ја објавил  фотографијата од писмото на Ким Џонг-Ун упатено до американскиот претседател.

Трамп му се закани со затвор на новинар на прес конференцијата во  Овалната канцеларија , зашто бил  предупреден од помошникот  да не фотографира.

"Може да одиш во затвор", се закани претседателот Трамп.

Интервјуто се одржа во Овалната канцеларија на Белата куќа во понеделникот, два дена пред Трамп да отпатува за Флорида, за формално да ја започне кампањата за реизбор во 2020 година.

За време на интервјуто,  Трамп побарал да зборува надвор од сценариото, па во еден момент им го покажал писмото за кое рекол дека е од лидерот на Северна Кореја.

"Еве едно писмо, во ред, сега ќе ви го покажам ова писмо", рекол претседателот. "Значи ова беше напишано од Ким Џонг-ун. Тоа беше доставено до мене вчера. Напишано на рака".

Додека се разговарало за изборите , новинарот го фотографирал писмото . Портпаролката Сара Сандерс рекла де ка не може да се фотографира , кога веќе било предоцна . 

Грчки медиуми: Политички случувања во Скопје по ветото од Франција

Медиумите во Грција ги пренесуваат изјавите на првите луѓе на Еврокомисијата, Жан-Клод Јункер и на Европскиот совет, Доналд Туск и на шефот на француската држава Емануел Макрон, но и на претседателот Стево Пендаровски.

„Ветото од Франција предизвика политички случувања во Северна Македонија"; „Бура во Скопје по кажаното „не" од ЕУ"; „Разочараност во Северна Македонија"; „Политички земјотрес во Скопје", се дел од коментарите во грчките медиуми по завршениот Самит на ЕУ, а случувањата во земјава беа дел и од синоќешните централни изданија на вестите на грчките телевизии, но и на насловните страници на денешните изданија на весниците, jави дописничката на МИА од Атина.

Медиумите во Грција ги пренесуваат изјавите на првите луѓе на Еврокомисијата, Жан-Клод Јункер и на Европскиот совет, Доналд Туск и на шефот на француската држава Емануел Макрон, но и на претседателот Стево Пендаровски, информирајќи за вонредната лидерска средба закажана за в недела, а во текот на вчерашниот ден пишуваа и за наводна оставка на премиерот Зоран Заев.

Грчката телевизија Антена коментира дека Франција ја блокираше европската перспектива на Северна Македонија, а државната телевизија ЕРТ, во прилогот во централното издание на вестите, коментираше дека постои разочараност во Северна Македонија.

– Европа им заврти грб на Скопје и Тирана. Зоран Заев и Еди Рама се враќаат со празни раце, коментира телевизијата Стар, додавајќи дека блокадата од Макрон предизвикува разврска на Балканот.

Во текот на вчерашниот ден во грчките медиуми кружеше информацијата за наводна оставка на премиерот Заев. Дел од информативните портали во Грција се повикаа на веста објавена од италијанската новинска агенција АНСА, додека пак во централните вести на телевизиите, новинарите коментираа дека постојат шпекулации за оставка, но и демант од Владата на Македонија.

– Според новинарски информации Ангела Меркел му се јавила на Заев и побарала да не поднесува оставка, додека пак и други странски лидери го повикаа премиерот на соседната земја да продолжи по патот на реформите, пишува Катимерини.

Паралелно медиумите во Грција ги пренесуваат и ставовите на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, кој на вчерашната прес-конференција од Брисел рече дека резултатот не е добар ни за Балканот, ни за Грција, говорејќи за проширувањето на Унијата, односно како што рече за прашањето „за кое за жал не успеавме да се договориме"./МИА

Премиерот Заев одговараше на новинарски прашања

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев денеска се обрати пред граѓаните.

Тој ја искажа својата разочараност околу европското „НЕ“. По обраќањето, премиерот одговараше на новинарски прашања.

Сите прашања и одговори може да ги проследите во видеото.

Пратениците денес гласаат за Брегзит

Британските пратеници денес ќе гласаат за договорот за Брегзит на премиерот Борис Џонсон, што се гледа како историски чин по кој Лондон или ќе излезе од ЕУ или ќе западне во уште подлабока криза.

Пратениците ќе расправаат за договорот кој Џонсон во четвртокот на 17 октомври го постигна со лидерите на ЕУ.

Опозициските партии и Џонсоновите сојузници од Северна Ирска  веќе го отфрлиле текстот, но премиерот и неговиот тим ги помина последниве 48 часа обидувајќи се да добијат поддршка од пратениците, наведува „АФП“.

-Нема подобар исход од овој кој јас го заговарам, рекол Џонсон за „Би-Би-Си“, истакнувајќи дека договорот за Брегзит е фантастичен.

Џонсон претходно кажа дека Британија на 31-ви октомври ќе ја напушти ЕУ со или без договор.

притисни ентер