НАСА објави колку ќе чини патувањето во вселената!

Љубителите на космосот веднаш нека започнат со штедење. НАСА објави дека Меѓународната вселенска станица (ИСС) ќе биде отворена за обични граѓани  по цена од 50 милиони долари.

Со  новата политика со која на ИСС и се дозволени комерцијални летови, на приватните астронаути ќе им биде дозволено летање до Меѓународната станица , најрано од 2020 година, објави НАСА.

Мисиите на приватните астронаути би траеле најдолго до 30 дена и нивните должности би биле во склад со неодамна одобрената политика на комерцијални и маркетиншки активности во врска со ИСС.

НАСА предвидува по две приватни мисии годишно  по цена од 50 милиони долари по астронаут. Секако и за приватните астронаути ќе важат правилата за строги медицински стандарди и правила за обуки на НАСА.

За превозот на приватните астронаути до Меѓународната вселенска станица ќе се грижат две американски компании кои развиваат капсули за транспоирт на луѓе , компаниите „ SpaceX“ и „ Boeing“.

ИСС инаку е плод на соработка на пет вселенски агенции кои преставуваат 15 држави , станицата се градела десет години во повеќе од 30 вселенски мисии.

Вселенската станица сега е голема колку едно фудбалско игралиште и кружи на височина од 400 километри над Земјата.

Екипажите од три до шест астронаути се менуваат периодично.

Досега во станицата престојувале астронаути од САД, Русија, Канада, Јапонија и Европа.

притисни ентер