Камењата од Месечината се непроценливо богатство

Камењата од Месечината се сиви и безлични , но за научниците тие се од непроценлива вредност.

Според Семјуел Лоренс од НАСА , овие камења се надрагоцените предмети на земјата. Примероци на камењата од Месечината , кои прво ги собрале космонаутите од Аполо 11 под раководство на Нил Армстронг пре речиси 50 години , го сменија поимнањето на луѓето за вселената. До сега во шесте мисии на Аполо од 1969 до 1972 се собрани и донесени на Земјата 382 килограми камења.

,,Месечината е каменот од розетата за нашиот Сончев систем.Тоа е темел на планетарната наука”, вели Лоренс.  

Научникот вели дека доказите за Месечината , Меркур, Марс, некои астероиди , директно се поврзани со резултартите добиени од мисијата Аполо.  

Со проучувањето на камењата научниците утврдиле како настанала Месечината , во исто време како Земјата пред 4,3 до 4,4 милијарди години.

Тогашниот американски претседател Ричард Никсон на секоја држава во светот , а тогаш имало 135 , и подарил по еден камен од Месечината.

Повеќето денеска се чуваат во музејот на НАСАво Хјустон.

притисни ентер