Оксфорд доби донација од 188 милиони долари за етика на вештачката интелигенција (ВИДЕО)

Милијардерот Стивен Шварцман , даде најголема поединечна донација од основањето на Универзитетот во Оксфорд и тоа за истражување на етиката на вештачката интелигенција.

Со донацијата од 188 милиони долари ќе се основа институт , кој ќе го носи името на Шварцман. Институтот ќе се вика ,,Центар за хуманистика Стивен Шварцман” и ќе ги обедини сите химанистички студии на овој престижен британски универзитет. Хуманистика ќе се учи на катедрите по Англиски , историја, лингвистика, филозофија , теологија и религија.

Во рамките на центарот ќе работи и Институт за етика на вешташка интелигенција , каде ќе се изучуваат етичките влијанија на вештачката интелигенција и другите видови технологии.

Се очекува Центарот да биде отворен во 2024 година.

притисни ентер