Манчевски на форум во Софија: Дигитализацијата останува приоритет на владата

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски учествуваше на форумот „Innostart“, во Софија.

  Во  обраќањето се осврна на мерките и активностите кои ги превзема владата во контекст на дигитализацијата, како и за поддршката за развој на иновативни бизнис.

Јанева се појави на прес конференција во СЈО, не одговори на новинарски прашања

Откако минатиот понеделник даде оставка која коинцидираше со објавувањето на аферата рекет, специјалната обвинителка Катица Јанева денеска дојде во СЈО.

Таа  се обрати  на јавноста на прес конференција но не одговори на новинарските прашања.. таму е нашиот репортер Михајло Видимлиски.

Повеќе во видеото.

Новиот закон за ЈО влегува во собраниска процедура

Пратениците денеска го очекуваат предлог законот за јавно обвинителство, најавен од премиерот Зоран Заев. 

Нацрт текстот се очекува да помине на владина седница и веднаш потоа да биде испратен до парламентот. Власта ги повика пратениците да го поддржат законското решение кое се смета за едно од приоритетните за добивање на датумот за преговори со ЕУ во октомври. Американската амбасадорка во земјава Кејт Мери Брнз денеска на средба со претседателот на собранието Талат Џафери се интересирала дали законот може да биде изгласан до 15-ти септември во пресрет на одлуката на датумот за преговори. Џафери вели ако има консензус законот ќе биде изгласан и порано.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, не сака да коментира шпекулации околу евентуалната вмешаност на пратеници во случајот „Рекет“ кој го отвори Обвинителството за гонење на организиран Криминал и корупција, но вели доколку за време на колективниот одмор на пратениците пристигне барања за кои треба итно да се одлучува, пратениците ќе бидат повикани.

Инаку, предлогот за интегрирање на СЈО во Јавното обвинителство за организиран криминал влегува во собраниска процедура без претходен договор меѓу власта и опозиција, кои четири месеци наназад неуспешно преговараа. ВМРО ДПМНЕ се уште го анализираат предлогот. Нема поддршка и од албанските опозициски партии. Зијадин Села, лидерот на Алијанса за Албанците, коментирајќи го законот вели на земјава и е потребен меѓународен експерт за обвинител.

Македонија и Бугарија парафираа протокол за соработка во областа на борбата против трговија со луѓе

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и бугарскиот вицепремиер за јавен ред и безбедност и министер за одбрана Красимир Каракачанов денеска во Охрид потпишаа протокол за соработка во областа на борбата против трговија со луѓе.

Спасовски изрази задоволство од поддршката што Македонија ја добива од Република Бугарија за интеграција  во НАТО и ЕУ, за Каракачанов денешното потпишување на договорот претставува чекор напред во унапредувањето на соработката и односите меѓу двете држави. Тој ја искористи можноста во име на владата во софија да ја повтори ставот на Република Бугарија за поддршка на интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО.

-Сметам дека уште оваа есен ќе имаме добри вести за Македонија по однос интеграцијата во ЕУ, отпочнување преговори за членство, процес што ќе продолжи, но јасно ќе ја зацрта трасата на Македонија на патот кон европските вредносни системи и европското семејство, рече Каракачанов истакнувајќи дека Бугарија не се откажува од политиката да ги поддржува сите држави од западен Балкан во нивните евроатлански интеграции. Трговијата со луѓе е тема за која европските институции не само говорат, туку и преземаат активности оттаму што се работи за кривично дело против човекот. Соработка меѓу двете држави по тоа прашање имаше и досега, најмногу во рамки на министерствата за внатрешни работи, но со овој документ двете држави ја потврдуваат решеноста категорично заеднички да работат во спроведувањето на европската политика за борба против тој порок во двете општества, рече Каракачанов.

притисни ентер