Герберих и Тимоние: Прашањето не е дали, туку кога ќе почнат преговорите, дотогаш фокусот да биде на реформите

Македонија испиша успешна приказна на Западен Балкан. Советот на ЕУ во Брисел денеска нема да донесе одлука за датумот бидејќи се уште нема одлука од германскиот Бундестаг. 

Затоа одлуката за датум се помести за октомври. Лично сум убеден дека уште оваа година ќе може да има само една одлука, а тоа е да се започнат пристапните преговори со Македонија согласно препораките на ЕК. Прашањето не гласи повеќе дали, туку кога тоа ќе се случи.

Ова го истакна германскиот амбасадор во земјава Томас Герберих на денешната седница на Националниот совет за евроинтеграции во Парламентот на која на дневен ред беа токму видувањата од Берлин и Париз околу долгорочната визија за европската интеграција на Северна Македонија.

Тој нагласи дека кога се зборува за датум за почеток на преговори не се зборува за датум за прием, туку дека ќе помине уште време, години, а процесот на пристапните преговори ќе биде многу корисен за да се развие и стабилизира демократијата во земјата.

-Независно од политичките успеси и фактот дека значајни закони поминаа во Парламентот со гласови од опозицијата, сега започнува тој напорен пат со отварање на поглавја. Никој не смее да биде оставен во процесот на интеграција, а тоа значи дека сега треба да се продлабочи реформскиот процес со цел секој граѓанин да види резултати. Сите делови од општеството, религиите, етничките групи мора да соработуваат за да може да се надмине постоечката поделба во општетството. Владата мора комплетно да се концентрира на реформскиот процес кој треба да понуди шанси и подобри животни услови за сите, рече Герберих.

Францускиот амбасадор Кристиан Тимоние истакна дека земјата успеа да направи голем чекор напред кој е нотиран во Извештајот на ЕК, но нагласи дека поради политички дебати или политички маркетинг често се фокусираме на прашања со датуми, кои можеби не се толку од суштинско значење. Суштинско, вели, е вистински спроведената работа, а тука постои најголема загриженост. Претстои, рече Тимоние, уште многу напорна работа, која тие ќе ја поддржат, но има и работи што треба да ги заврши ЕУ, која треба да ја обнови својата рамка за подготвено да ги пречека земјите од Западен Балкан.

-Наредните месеци до есента можат да служат како повод за да се испорачаат дополнителни докази за вашиот капацитет за реформите и корисно да ги отворите преговорите. Не можам да прифатам кога ми велат дека можат да се отворат преговорите, а потоа да траат како што е случај со други земји. Ние сме убедени дека вашето место е во ЕУ и повеќе инсистираме на добро организирана појдовна точка и почеток на преговорите, отколку да се отворат преговори кои се неопходни поради можеби политички маркетинг, туку сакаме на општеството да му испорачаме позитивни сигнали. Потребни ни се тие сигнали од ваша страна. Јасно е дека вам ви се потребни тие сигнали, но и кај нашето јавно мислење се потребни сигнали за да се докаже дека политичкото општество овде реално се менува и дека Западен Балкан нема да донесе со себе дополнителни потешкотии во еден систем во кој веќе има многу загрижености, рече Тимоние.

Вицепремиерот Бујар Османи, пак, наведувајќи ги постигнувањата во делот на поилитчките и економските критериуми истакна дека одлуката за датумот е одложена од технички причини и дека е оптимист оти земјата годинава ќе ги почне преговорите со ЕУ.

-Ние како идни партнери на ЕУ треба да имаме разбирање и за техничките предизвици кои треба да ги има регионот или земјите членки…За нас е важно кога ќе се одржи заедничката владина седница на Македонија и ЕУ, затоа што ова е појдовната точка од каде почнуваат преговорите. Фактот што одлуката не се донесува сега туку во октомври ќе предизвика повеќе проблеми за ЕК, затоа што го ограничува времето за подготовка на преговарачката рамка и на меѓувладината седница, а тоа поттикнува дебата и анксиозност поради непредвидливоста која ја имаме, рече Османи.

За претседателот на НСЕИ Никола Поповски во дебатата за датумот за пристапни преговори присутни се две клучни пораки, едната од Берлин која ни вели „да" членство, но не веднаш, туку малку подоцна и другата од Париз која ни вели „да" членство, но не вака, прво мора да се реформира и смени ЕУ. Нашиот фокус, рече, треба да биде помалку на носење закони, а повеќе на нивна имплементација.

– Во рамки на една ваква прогноза треба да се посветиме малку повеќе на она што зависи од нас, без разлика на славја, забави и маркетинг и на она што би го подобрило животот на сите граѓани тука, а тоа е како да ја приближиме нашата кауза до европските гласачи дека цената на чинење на неинтегрирање на Балканот во Европа не е нула. Ќе има цена на чинење, но мора да пратиме порака поинаква од онаа денес. Тоа веројатно ќе оди во пакети и нема да зависи од Македонија, но мораме да се прилагодиме на новата европска реалност, рече Поповски.

Потпретседателката на НСЕИ Ивана Туфекџиќ, рече дека недобивањето датум за преговори во јуни не е неуспех на Владата туку за државата, затоа што и за власта и за опозицијата почетокот на преговорите со ЕУ е заеднички интерес.

-Се согласувам со Поповски дека треба да го намалиме темпото на донесување закони и многу повеќе ова Собрание, заеднички и власта и опозицијата, да се посветат кон надзор над имплементацијата на сите досегашни закони кои биле донесени…Не смееме да заборавиме, ниту претставниците на земјите члненки ниту ние како функционери кои имаат одговорност и обрска пред граѓаните од кои се избрани, дека се се прави за тие граѓани. Затоа е важно тој дијалог да опстане и да не се претвори во алатка за политичка борба, затоа што додека ние се пресметуваме кој како ги чита заклучоците на Советот, млади луѓе се пакуваат, вели Туфекџиќ. /МИА.

Први резултати од вештачењето на телефонот на мајката на Данка, избришени многу пораки

Првите информации од вештачењето на телефонот на мајката на исчезнатиот Данке- Многу пораки и повици се избришани на денот на исчезнувањето! 

Прегледот на телефонот на Ивана Илиќ, мајката на исчезнатата Данка, откри шокантни информации.

Според неофицијални сознанија од истрагата до кои дојде српски Информер, вештачењето на мобилниот телефон на Ивана Илиќ покажало шокантни и донекаде загрижувачки информации.

Според и ннформации на информер, многу пораки и податоци за повици биле избришани.

- Она што е особено изненадувачки е што ден пред исчезнувањето и на денот на исчезнувањето на малата Данка, од телефонот се избришани многу пораки и повици. Ова го утврдиле инспекторите за високотехнолошки криминал. Пораките и повиците може да се избришат од телефонот, но остануваат во базата на податоци - вели изворот на Информер.

Електромобилот „Шјаоми СУ-7“ пуштен во продажба

Технолошкиот гигант верува дека оперативниот систем „СУ-7“ што го имаат нивните телефони, лаптопи и други уреди, ќе ги привлече веќе постојните клиенти. 

Кинескиот производител на паметни телефони „Шјаоми“ (Xiaomi) го пушти во продажба своето прво електричен автомобил - „Спид ултра 7“ (Speed ​​​​Ultra 7, СУ-7). Извршниот директор на компанијата, Леј Јун изјави дека цената на возилото ќе биде околу 28.000 евра, пренесува „Би-би-си“.

Технолошкиот гигант верува дека оперативниот систем „СУ-7“ што го имаат нивните телефони, лаптопи и други уреди, ќе ги привлече веќе постојните клиенти. Автомобилот, најавен лани, се споредува со моделите на спортски автомобили „Тајкан“ и „Панамера“ на „Порше“. Производството ќе се одвива во Пекинг, Кина, во државната фабрика што може да испорача до 200.000 возила годишно. „Шјаоми“ најави и влог од 10 милијарди долари за развој на возила за следните 10 години.

На кинескиот пазар на електромобили, инаку, се натпреваруваат и „Тесла“ и „БИД“, па со влезот на „Шјаоми“ како трет избор, се предвидува и нова борба за цените.

- Крајното достигнување би било да се покаже дека има потрошувачки пазар и за „Шјаоми“ како бренд на паметни електрични возила, изјави стручњакот од „Аутомобилити“ (Automobility), Бил Русо.

Тој верува дека влезот на пазарот за автомобили ја одразува довербата на „Шјаоми“ во важноста на брендот во и вон матичната Кина. /МИА

Тренчевска: Опфатот на децата во градинките 48 проценти, до 2028 година ќе изнесува 70 проценти

 Дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика во техничката Влада, Јованка Тренчевска денеска информираше дека имаат таргет до 2028 година, 70 отсто од децата да бидат вклучени во градинките.

- Во 2017 година, кога се формира Владата предводена од СДСМ, опфатот на децата во градинките беше од 25 до 27 отсто од вкупниот број деца вклучени во градинките. Денес, тој процент е 48, дополнително ќе се зголеми со градинките што чекаат на отворање. Таргетот ни е до 2028 година, тој процент да се зголеми на 70 отсто деца опфатени во предучилишно образование и секако, тој број да се зголемува, одговори Тренчевска на новинарско прашање на брифингот со новинари во Клубот на пратеници.

Во однос на листите на чекање за прием во градинка, таа кажа дека најкритично е во скопските општини.

- На територијата на целата држава од 2017 година до денес, изградени се 84 градинки со вкупен опфат на над 8 000 деца. Во декември 2023 година, Владата додели четири милиони евра за изградба на нови градинки во општините Бутел, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Аеродром и во Карпош, подвлече Тренчевска.

Од 2018 година до денес во детските јавни установи вработени биле вкупно 2 881 лице, а бројот на лиценцирани негувателки и воспитувачки во овој период, изнесувал 740 лица.

притисни ентер