Свечена академија по повод 60 години постоење на ФЕИТ, Машински факултет и Технолошко-металуршкиот факултет

Трите технички факултети Машинскиот факултет, Технолошко-металуршкиот факултет и Факултетот за електротехника и информациски технологии, вчеравечер, на свечена академија одбележаа 60 години постоење.

Претприемничкиот дух и иновациите го движат светот, а нашата земја нема друг избор освен да чекори напред и да ги следи новите модерни трендови на дигиталното поврзување и трансформација. Наша цел е многу бргу да ја обезбедиме иднината на техничките науки, преку финансирање опрема за лаборатории како предуслов за развој на капацитетите на научните работници и како можност за нови развојни проекти што произлегуваат од науката, рече премиерот Зоран Заев во синоќешното обраќање на свечената академија по повод 60 годишнината на трите технички факултети во Скопје.

Заев нагласи дека развојот на државата се темели на поддршката што ја даваат техничките факултети. Дејностите за кои тие продуцираат кадри се исклучително важни зашто претставуваат основа за креирање нови работни места, нови вештини и нови бизнис модели на брзорастечки и конкурентни индустрии во глобалниот свет.

-Развојот на сите компании се потпира на знаењето на инженерите кои произлегле од овие три факултети: машинци, технолози, електро инженери има во секоја добра компанија како што се Алкалоид, ЕЛЕМ, ЕВН, Цементарница, Окта, винариите, пиварите, прехранбената индустрија, секаде,… Сите директни странски инвеститори прво доаѓаат на овие факултети за да се уверат во потенцијалите на човечките ресурси. Во таа насока, Владата заедно со академската заедница на овие три факултети и бизнис заедницата ќе продолжи да создава услови за да им ги отвори перспективите и патот на успехот на младите луѓе, истакна премиерот.

Рече дека нема да се задржува на минатото, туку дека сака да зборува за иднината.

-Државата финансиски зајакнува, јакнеме комплетно економски, нашата намера е да вратиме многу пари во знаењето преку опремувањето токму на овие, покрај другите факултети и универзитети во земјава. Од оваа година, дополнително, преку Буџетот се финансира и научно-истражувачката дејност во насока на проширување и континуирано унапредување, координација на субјектите за вршење на научно-истражувачката дејност, подвлече Заев.

Потсети и на првиот Научно – технолошки парк што го отвори пред неполни четири месеци Факултетот за електротехника и информатички технологии. Во него, рече, веќе почнаа да се развиваат нови вештини, да се раѓаат нови идеи, да се креираат нови иновации и изуми на студентите и професорите од сите три технички факултети.

-Некои млади луѓе ќе ги почнат и своите старт-ап бизниси. Со еден збор ќе се трасира патот на нашата заедничка иднина – патот кон напредокот и дигиталната револуција, напомена претседателот на Владата.

Трите технички факултети, Машинскиот, Технолошко-металуршкиот и Факултетот за електротехника и информациски технологии  на свечена академија одбележаа 60 години постоење.

На академијата, која се одржа во Македонската филхармонија, покрај премиерот Заев, зборуваат и ректорот на УКИМ, Никола Јанкуловски, како и деканите на трите високо образовни институции, Димитар Ташковски, Јон Магдески и Дарко Данев.

-Не постои општествена пора во која не придонел одреден инженер. Начинот на размислување и стилот на функционирање во светот на инженерите дава посебен и различен придонес во разнобојноста на општеството, рече ректорот Јанкуловски.

Трите технички факултети го прославија јубилејот под мотото „Создаваме иднина". 

СДСМ: Мицкоски бега од лидерска, реформи и од јавноста

Христијан Мицкоски да излезе пред граѓаните и да одговори дали се сретнал со еден од осомничените, на кој му е одредена мерка притвор.

Мицкоски бега од лидерска, Мицкоски бега од реформи, Мицкоски бега и од јавноста.

Наместо да бега, Мицкоски да излезе и да и одговори на јавноста, на граѓаните:

Дали со еден од осомничените на кои им е одредена мерка притвор имал неколку средби во една позната дискотека, а потоа и во белиот дворец?

Дали посегнал по парите на еден од осумничените?

Мицкоски е против правдата затоа што единствена негова мисија и цел е одбрана на криминалот на вистинскиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Мицкоски и штети на државата и работи против датум за преговори.

Ахмети се сретна со новата амбасадорка на САД Брнз

 Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, во Амбасадата на САД во Скопје, оствари средба со новата американска амбасадорка во Македонија, Кејт Мари Брнз.

Ахмети и честитал на амбасадорката Брнз за новата должност и изразил убедување дека успешната соработка со САД ќе продолжи и во иднина во насока на реализирање на нашите заеднички цели,Македонија интегрирана во НАТО и ЕУ и со функционална демократија.

Од ДУИ денеска соопштија дека Ахмети и Бернс разговарале и за заедничките достигнувања во насока на општествената кохезија, договорите со Атина и Софија и патот кон НАТО и Европската Унија.

– Ахмети истакна дека ни претстои уште многу работа, посебно во насока на владеењето на правото и реформите, вклучувајќи ги тука и одговорноста и отчетноста. Нашата земја чекори кон евроатланската интеграција и задолжително треба да ги исполни бараните стандарди, додека ДУИ ќе продолжи да биде партнер во реализација на реформите за доброто на нашите граѓани, стои во соопштението од ДУИ.

Ахмети, се подвлекува во соопштението, посочил дека сите достигнувања се заеднички и оти САД може да сметаат дека ДУИ ќе продолжи да биде искрен партнер.

Времето денеска: Сончево и потопло

Времето денеска сончево и потопло со мала до умерена облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец а максималната температура ќе се движи од 26 до 33 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб  северозападен ветер и температура до 31 степен.

притисни ентер