НГ од ВМРО ДПМНЕ:За прашања значајни како изборниот законик да се зборува транспарентно

Осумката од НГ од ВМРО ДПМНЕ, согласно своите заложби и принципи за конкретни чекори кои ќе придонесат кон демократизација на општеството и со тоа, позадоволни граѓани, бара место во работните групи за измени на изборниот законик. 

Функцијата на Собранието во парламентарна демократија каква што е и РС Македонија треба да се надоградува. Во таа насока, време е за прашања значајни како изборниот законик да се зборува транспарентно и со учество на повеќе страни. Пратеници, граѓански сектор, јавноста, треба да бидат дел од овој процес за истиот да заврши позитивно и како што е најдобро за демократијата. Никој нема ексклузивно право над овие значајни прашања, а нашето учество ќе го обогати процесот и ќе допринесе за поквалитетно решение.

НЕЗАВИСНА ПГ на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија

Јанушев: Продолжуваме уште посилно од сега

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да биде меѓу граѓаните.

Денес сме во Крива Паланка каде што имаме огромен одѕив на граѓани кои се дојдени овде во акцијата „Разговори за обнова на Македонија“.  Да ги искажат своите проблеми, за кои што ние како политичка партија земаме обврска да понудиме решенија во новата изборна програма.

Она што имавме прилика да го видиме, да се случува деновите е всушност нешто што наназад некој период го кажувавме, и го соопштувавме и апелиравме всушност до криминално рекетарската влада на Заев е дека без вистински реформи Македонија не може да се придвижи напред.

За жал, на штета на сите граѓани на Република Македонија, едноставно беа со оваа одлука казнети поради погрешните политики на Зоран Заев.

Она што го очекуваме во следниот период имајќи во предвид за каков човек станува збор, нема да не изненади доколку излезе и всушност целата вина се обиде да ја префрли на ВМРО-ДПМНЕ.

Меѓутоа нашиот народ е свесен што се случува така да сметаме дека еден ваков обид ќе биде само всушност јалов обид за обид за дефокусирање повторно на јавноста.

Продолжуваме уште посилно од сега. Продолжуваме со нашата кампања за обнова на Македонија и за многу брзо се она што ќе имаме прилика да го слушнеме од граѓаните, ќе излеземе не само со програма туку и по формирањето на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ тоа да го реализираме, и да овозможиме подобар живот за граѓаните на оваа држава.

Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ          

Грчки медиуми: Политички случувања во Скопје по ветото од Франција

Медиумите во Грција ги пренесуваат изјавите на првите луѓе на Еврокомисијата, Жан-Клод Јункер и на Европскиот совет, Доналд Туск и на шефот на француската држава Емануел Макрон, но и на претседателот Стево Пендаровски.

„Ветото од Франција предизвика политички случувања во Северна Македонија"; „Бура во Скопје по кажаното „не" од ЕУ"; „Разочараност во Северна Македонија"; „Политички земјотрес во Скопје", се дел од коментарите во грчките медиуми по завршениот Самит на ЕУ, а случувањата во земјава беа дел и од синоќешните централни изданија на вестите на грчките телевизии, но и на насловните страници на денешните изданија на весниците, jави дописничката на МИА од Атина.

Медиумите во Грција ги пренесуваат изјавите на првите луѓе на Еврокомисијата, Жан-Клод Јункер и на Европскиот совет, Доналд Туск и на шефот на француската држава Емануел Макрон, но и на претседателот Стево Пендаровски, информирајќи за вонредната лидерска средба закажана за в недела, а во текот на вчерашниот ден пишуваа и за наводна оставка на премиерот Зоран Заев.

Грчката телевизија Антена коментира дека Франција ја блокираше европската перспектива на Северна Македонија, а државната телевизија ЕРТ, во прилогот во централното издание на вестите, коментираше дека постои разочараност во Северна Македонија.

– Европа им заврти грб на Скопје и Тирана. Зоран Заев и Еди Рама се враќаат со празни раце, коментира телевизијата Стар, додавајќи дека блокадата од Макрон предизвикува разврска на Балканот.

Во текот на вчерашниот ден во грчките медиуми кружеше информацијата за наводна оставка на премиерот Заев. Дел од информативните портали во Грција се повикаа на веста објавена од италијанската новинска агенција АНСА, додека пак во централните вести на телевизиите, новинарите коментираа дека постојат шпекулации за оставка, но и демант од Владата на Македонија.

– Според новинарски информации Ангела Меркел му се јавила на Заев и побарала да не поднесува оставка, додека пак и други странски лидери го повикаа премиерот на соседната земја да продолжи по патот на реформите, пишува Катимерини.

Паралелно медиумите во Грција ги пренесуваат и ставовите на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, кој на вчерашната прес-конференција од Брисел рече дека резултатот не е добар ни за Балканот, ни за Грција, говорејќи за проширувањето на Унијата, односно како што рече за прашањето „за кое за жал не успеавме да се договориме"./МИА

Премиерот Заев одговараше на новинарски прашања

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев денеска се обрати пред граѓаните.

Тој ја искажа својата разочараност околу европското „НЕ“. По обраќањето, премиерот одговараше на новинарски прашања.

Сите прашања и одговори може да ги проследите во видеото.

притисни ентер