Видео: Гренланд се топи, со санка наместо по снег по вода?!

Фотографија која го „запали“интернет.

Стефан Олсен, научник од Данскиот метеоролошки институт бил на рутинска мисија на северозападот на Гренланд за да ги пронајде океанографските и метеоролошките апарати кои неговите колеги ги поставиле на мразот, но наишол на голем проблем.

Научникот не можел да ги пронајде апаратите, пространството кое вообичаено било равен бел мраз сега било покриено со вода, што е последица на топењето на гранландската ледена покривка, втора по големина на Планетата.

Неверојатната фотографија која ја направил Олсен, како кучињата ја влечат санката до колена во вода брзо станала достапна на интернет   и веднаш предизвикала хаос, им се придружила на сликите на гладните поларни мечки, истопените глечери, насуканите моржеви и исушените езера, што според оценката на СНН е само уште една потврда за климатската катастрофа во која се наоѓа Земјата.

Олсен на Твитер напишал дека заедницата на Гренланд „во главно се ослонува на морскиот лед за транспорт, лов и риболов“. Тие ќе бидат меѓу првите  кои ќе бидат погодени од топењето на ледената покривка, но според Олсен последиците нема сама да останат ограничени на Гренланд или дури Северна Америка.

Научниците со месеци веќе апелираат и предвидуваат дека годинава ќе има рекордно топење на ледената покривка на Гренланд. Количеството на мраз кое веќе исчезна сугерира дека тие биле во право и дека наместо кучињата , жителите на Менхетн  би можеле да се најдат до колена во вода, наведува СНН.

Според научниците само во еден ден се стопиле две милијарди тони мраз на Гренланд.

притисни ентер