Трамп официјално ја почна кампањата за негов реизбор во 2020 година

Американскиот претседател Доналд Трамп официјално ја почна кампањата за негов реизбор во 2020 година изјавувајќи дека ривалската Демократска партија сакала да ја „уништи земјата“, а ги нападна, како што ги нарече, „медиумите за лажни вести“.

Тој говореше на собирот во Орландо, Флорида која често пати е клучната американска држава  за претседателските избори.

Трамп се очекува да ја добие номинацијата за претседателски кандидат на Републиканската партија.

Во истовреме се уште не е јасно кој би можело да биде кандидат на Демократската партија.

 Досега има пријавено 20 претенденти, а на анкетите води екс потпретседателот на САД Џо Бајден.

Трамп: Ловот на вештерки мора веднаш да престане !

Доналд Трамп денеска не го криеше својот гнев откако  сведочеше неговиот амбасадор во Европската Унија пред  Конгресот како дел од истрагата за отповикување на претседателот , барајќи веднаш да се „прекине“.

„Овој лов на вештерки мора да запре СЕГА. Тој е толку штетен за нашата земја“, напиша американскиот претседател на Твитер.

Знаците на нервоза што ги покажа Доналд Трамп на денот на сослушувањето на главниот учесник во случајот, што фрла сенка врз неговата реизборна кампања, се противречни на неговите изјави пред два дена кога рече дека размислува сам да поднесе  докази.

„Конгресменката, Нанси Пелоси, предложи да сведочам во истрага за лажното отповикување. Таа дури рече дека можам да го сторам тоа писмено“, напиша тој во понеделникот.

„Иако не сум сторил ништо лошо и не сакам да и придавам значење на оваа пародија на судството, ми се допаѓа идејата“, додаде тој. „Јас сериозно ќе размислам за тоа“.

Гордон Сондленд, дипломат близок на американскиот претседател, беше интервјуиран денеска во Конгрес и беше испрашуван директно за контроверзните тврдења против Украина кои доведоа до покренување истрага за отповикување на Трамп.

Сондленд, американски амбасадор во Европската Унија, рече дека смета оти Трамп навистина условувал билатерална средба со неговиот украински колега Володимир Зеленски за Киев да покрене истрага за демократите во САД за корупцијата.

Тој исто така рече дека е убеден дека голема воена помош за Украина зависи од започнувањето на овие истраги, иако призна дека Трамп не му кажал ништо за поврзаноста.

Најмалку 15 загинати во напад врз камп и болница во Сирија

Во напад на сириските владини сили во северозападниот регион Идлиб, кој сè уште го држат бунтовниците, загинаа најмалку 15 лица во кампот за раселени и десетици се повредени, пренесе Ројтерс.

Северозападниот дел на Сирија, вклучувајќи го и регионот Идлиб, е последниот голем дел од територијата што ја окупираат бунтовниците по повеќе од осум години војна.

Според извештајот на „Вајт Хелметс“, спасувачка група позната како Сириска цивилна одбрана, кампот, лоциран во Каху, град на турската граница, бил нападнат од Алепо.

Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека провладините сили исто така ја нападнале и болницата во градот. Медицинското здружение на Сирија соопшти дека вработени во болницата биле повредени, а зградата е оштетена.

Швајцарија поради екстремизмот ја отежнува набавката на хемикалии

Швајцарскиот федерален совет сака да го отежни набавувањето хемикалии како што се ѓубрива, средства за чистење на базени и растворувачи што можат да ги користат екстремистите за напади.

Предлогот на седумчлениот Федерален совет ќе бара одобрение од сојузната полиција за отежнато купување на околу 100 производи што сега се продаваат во аптеките, продавниците за алати и специјализираните продавници.

Земјоделците и некои други сектори ќе бидат изземени, објави АП.

Парламентот ќе расправа напролет за овој предлог.

Советот истакна дека продажбата на производи како што се водороден пероксид или нитрат е ограничена во Европската унија од 2014 година.

Швајцарија не е членка на европскиот блок, но граничи со четири земји членки на ЕУ.

Во денешното соопштение, швајцарската влада соопшти дека е свесна за ризикот одредени хемикалии што се продаваат во Швајцарија да ги користат терористите.

притисни ентер