Средба Димитров – Лајчак

Словачкиот шеф на дипломатијата Лајчак, кој се наоѓа во дводневна посета на нашата земја, ќе биде примен и од државниот врв на  Македонија. 

 Актуелните предизвици во регионот на ОБСЕ, процесот на пристапување на Македонија во НАТО и во Европската Унија, како и динамиката и развојот на македонско-словачките билатерални односи ќе бидат теми на средбата денеска во Скопје на словачкиот министер за надворешни работи и актуелен претседавач со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), Мирослав Лајчак, со неговиот домаќин, шефот на дипломатијата Никола Димитров.

Како што соопштија од МНР, покрај тет-а-тет средбата, Димитров и Лајчак ќе имаат воведно обраќање на Втората пленарна сесија на Националната конвенција за Европска Унија во  Македонија, во организација на Европското движење  Македонија и Словачкото здружение за надворешна политика. На форумот ќе се дискутира за реформите во неколку поглавја на Европската Унија, вклучително и за поглавјата 23 и 24: Правосудство и основни права и Правда, слобода и безбедност.

Словачкиот шеф на дипломатијата Лајчак, кој се наоѓа во дводневна посета на нашата земја, ќе биде примен и од државниот врв на  Македонија. 

Исчезнат е дедо Мирослав

Исчезнат е Мирослав Видовски.

Го нема седум дена. Дедото има 73 години и живее во Центар, на улицата „11-ти октомври“, од каде му се губи трагата.

Неговото семејство се јави во Канал 5 порачувајќи доколку некој има било какви информации да се јави на бројот 077-626-145 и да ја информира госпоѓа Милка.

Повредена 18-годишна девојка откако во неа удрил возач на голф

 Осумнаесетгодишна девојка од Тетово е тешко повредена во сообраќајна несреќа на булеварот „Видео Смилевски-Бато", вчера околу 18:30 часот, откако во неа удрило патничко моторно возило „фолкваген голф" со тетовски регистарски ознаки.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи,  во Т.А (18) удрил 47-годишниот Ш. Х. од Вејце кој управувал со „голфот".

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила 18-годишната девојка, која потоа била пренесена во болницата во Тетово, соопшти денеска МВР.

Увид на местото на сообраќајката извршила екипа од СВР Тетово.

УЈП ќе постави информативни пултови за мерката за поврат на ДДВ

 Управата за јавни приходи (УЈП) денеска попладне ќе постави пулт „Мој ДДВ" во Веро 2 Тафталиџе во Скопје, каде граѓаните ќе можат да се информираат за мерката поврат на 15 проценти од пресметаниот ДДВ.

Вакви промоции на Мој ДДВ во наредниот период ќе се случуваат во повеќе градови низ државата, најави УЈП. 

притисни ентер