Во Британија откриени вештачки острови постари и од Стоунхенџ

Во далечното минато на северните британски острови, древните луѓе не живееле само на копното. Тие изградиле илјадници мистериозни вештачки островчиња низ денешните Шкотска, Ирска и Велс, се наведува во списанието Science Alert.

Островите што во англиското говорно подрачје се нарекуваат Cranny (вештачки остров), биле изградени од праисториските луѓе  во студените води на реките, езерата и морињата.

Археолозите досега имаат само претпоставки за нивната старост. Прво сметале  дека се од железно време и биле направени  за прв пат пред околу 800 години. п.н.е. Но, според последната студија, овие мистериозни формации се чини дека се направени  многу порано или илјадници години пред да се претпостави.

Научниците откриле преку истражувања со јаглерод-14 дека некои од овие вештачки древни островци потекнуваат од 3640 до 3360 п.н.е. . Тоа би значело дека тие се стари околу 5.500 години и биле направени дури и пред светски познатиот Стоунхенџ.

"Овие острови укажуваат на тоа дека пред илјадници години древните луѓе вложиле огромен напор за изградба на мали острови. Тие ги правеле, така што во една област се собираат со тони карпи и камења, '', изјави археологот Стјуарт Фрејзер од Универзитетот во Саутемптон.

Се започна во 2012 година кога Крис Мареј, поранешен нуркач во Кралската морнарица, го истражувал просторот околу вештачки острови на Лох Арниш што се среде езеро во Шкотска. Тој наишол на неочекувана подводна локација, или голем број добро сочувани неолитски садови.

Наскоро, археолозите отишле во потрага и заедно со тој остров, ги истражувале другите во областа. До сега се пронајдени околу 200 керамички садови, а на вештачкиот остров Лох Боргастеил , биле откриени и дрвени греди кои древните луѓе веројатно ги користеле за да се стабилизира камената градба.

Археолозите не можат со сигурност да кажат што точно беше целта на овие вештачки островчиња. Но, со оглед колку напор е направен за да ги изградат - некои камења имаат тежина до 250 килограми - јасно е дека тие се објекти кои имале големо значење за праисториската заедница.

Фото: Се урна Ф-16, пилотот висел на далновод

Драма на западот на Франција, се урна авион Ф-16, пилот виси на жизи од далновод.

Белгиски воен авион Ф16 се урнал во населено место на западот на Франција, соопштија официјални претставници.

Еден од пилотите паднал на високонапонски далновод.

Според АП, авионот паднал во дел на градот Плувињер, и дека еден од пилотите бил спасен.

Хиларија и Алек Болдвин го чекаат петтото дете!!

Алек Болдвин во седмата деценија од животот повторно ќе стане татко.

35- годишната Хиларија Болдвин ги изненади следбениците на Инстаграм со кратко видео на кое се слуша отчукување на срце, бебешко.!!

„Уште е рано, но првите месеци ме исцрпеа“, напиша Хиларија и откри дека по петти пат ќе стане мајка.

Атрактивната инструкторка по јога и 61 годишниот актер Алек Болдвин имаат четири деца, Кармен (6г.) Рафаела(4) Леонардо(3) и Ромео, кој има само 15 месеци.

Хиларија пролетва беше бремена по петти пат , но пред четири месеци го загуби бебето.

Фото: Карлеуша без грам шминка

Атрактивната пејачка Јелена Карлеуша која е позната по својот гламурозен  изглед, ги изненади  фановите на социјалните мрежи со фотка од дневна соба.

Популарната Џеј Кеј покажа како изгледа без грам шминка на себе, изненадувачки  облечена во дукс, затворен до вратот.

Според нејзините фанови на фотографијата се гледа заморот на Јелена од многубројните настапи.

За илјадниците следбеници на Карлеуша на социјалните мрежи оваа фотка е голема изненадување, бидејќи тие се навикнати да ја гледаат својата омилена пејачка во секси и провокативни изданија.  

притисни ентер