Италијанската секс-бомба реши да ја освои Америка (ФОТО)

Италијанската манекенка и ријалити ѕвезда Клаудија Романи (37) искористи ден без дожд на Саут Бич , познат кварт во Мајами , за на плажата да вежба јога.

Романи на плажата Саут Бич покажа дека не само што има совршено заоблено тело , туку и дека е елестична. Таа направи стој на глава, потоа се преврте во мост и на крај се поклони пред публиката .

Зашто сите очи на посетителите на плажата беа свртени кон убавата Италијанка.

Таа беше прогласена за една од 100 најубави жени на светот од германското списание ФХМ. Публиката на плажата сепак гледаше во манекенката и нејзиното минијатурно бикини.

Зголемен број хоспитализирани деца во кумановска болница

Зголемен е бројот на хоспитализирани пациенти на детското одделение во општата болница Куманово, информираа денеска надлежните од јавната здравствена установа.

Најголем процент на хоспитализираните се деца заболени од вируси, но и дечиња кои имаат алергиски реакции, неколкумина се заболени од „голема кашлица“.

Болнички се лекуваат 20 деца, дневно на одделението има и по 50-тина деца од новороденчиња до десет години. Оние со потешка клиничка слика, пневмонии се хоспитализирани, останатите со полесна клиничка слика се лекуваат на дневна болница.

- Пролетната сезона почна и се зголемува бројот на деца кои имаат вируси и алергиски реакции. Во моментов имаме и деца заболени од „голема кашлица“-пертусис, изјави началничката на детското одделение д-р Ферихан Бајрами.

Родителите ги носат децата и барата помош од педијатрите за зголемена телесна температура, кашлица која прогресира во потешки компликации, со опструкции, пневмонии.

- Последно време имаме дечиња заболени од пертусис. Најголем процент се деца на училишна и предучилишна возраст, но и новороденчиња кои поради возраста не можат целосно да бидат вакцинирани, ниту со прва, ниту со втора доза. Ако родителите забележат покачена температура, кашлица, веднаш да се извршат испитувања и ПЦР метода за пертусис што се прави во лабораторијата и веднаш да се изолира детето и да се почне со соодветна терапија, вели докторка Бајрами.

И алергиските реакции предизвикуваат проблеми кај децата. Симптомите појаснува педијатарот се кивање, кашлица која е сува и надразнителна, бистра носна секреција, затнато носе, чешање на нос и очи.

- Во моментов се инхалаторни полен, цветови, прашина. Потребно е да се направат алерголошки испитувања. И во болницата нудиме таков тест преку крв, кажа Бајрами.

Педијатрите препорачуваат здрава, балансирана исхрана, внес на витамини. Одделението е добро екипирано и можат да се справат со зголемен број на заболени деца.

Приведено и трето лице за убиството на лекарот од Железара

Трето лице е приведено под сомнение дека е поврзано со убиството на докторот од скопска Железара. 

Се уште трае распитот на двете лица кои вчера биле приведени во врска со убиството на лекарот од скопска Железара, додека трае распитот имало и претрес во домовите на приведените за поврзаност со убиството, потврдуваат од Јавното обвинителство за Канал 5. Вчера министерот за внатрешни работи Тошковски изјави дека има осомничени и дека во текот на денешниот ден ќе има повеќе информации.

Министерот посочи дека се презмени 20 истражни дејствија и дека се прегледани се снимките на над 50 камери и видео записи. Според првичните наоди, мотивот за убиството не е поврзан со професијата на убиениот.

Шеесет и седумгодишен лекар минатата недела беше пронајден избоден до смрт со девет убоди во неговиот автомобил паркиран пред поликлниката Железара каде имал приватна ординација во поликлиниката „Железара“.

Докторот во автомобилот бил пронајден од неговите синови кои заминале на работното место на нивниот татко бидејќи не се вратил од работа по завршувањето на втората смена во ординацијата.

Општина Штип почна постапка за одземање на Б дозволата на фирмата САНС- АГ

 Општина Штип ја почна постапката за одземање на Б-интегрираната дозвола на фирмата САНС-АГ која во реонот на Пeнуш од автомобилски гуми произведуваше течно гориво.

Раководителот на Секторот за инспекциски работи во Општина Штип, Тоше Ѓоргиевски денеска информираше дека постапката ја почнале пред 30 дена, откако имале инспекциски надзори заедно со државен инспектор за животна средина и по добиениот допис од Министерството за животна средина, во кој се вели дека оваа штипска фирма неколкуратно ги прекршува условите пропишани во Б-интегрираната дозвола.

-Оваа постапка е почната пред 30 дена, но ќе напоменам дека постапката за одземање на дозволата е исто така долга, колку што е и за добивање на Б-интегрирана дозвола, вели Ѓоргиевски.

Тој очекува дека целата постапка за одземање на Б-интегрираната дозвола на фирмата САНС-АГ да трае од 90 до 120 дена. Инаку, Државниот инспекторат за животна средина и просторно планирање пред два дена ја објави и одлуката на Основниот суд во Штип, кое има изречено парична глоба за правниот субјект и за одговорното лице за затекнатите буриња со течно гориво во кругот на фабриката. Паричната глоба изнесува 1.750 евра, од кои 1.500 за правниот субјект и 250 евра во денарска противвредност за одговорното лице. САНС-АГ поголго време не работи, а е лоцирана во атарот на Пенуш.

притисни ентер