Заев: Земјава е отворена за нови инвестиции

Инвестициските можности на земјава и кредитниот рејтинг во фокусот на форумот организиран од Фајненшл тајмс во Лондон.Премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев велат дека државата се повеќе е препознаена како атрактивна дестинација.

Земјава се препознава како атрактивна дестинација за инвестиции и постои голем интерес од реномирани компании да инвестираат кај нас, изјавија премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев на Форумот за Западен Балкан „Инвестициски можности во брзорастечкиот регион" во организација на Фајненшал Тајмс кој се одржува во Лондон.

Премиерот Заев истакна дека форумот е одлична прилика за промоција на земјава пред реномирани компании.

„Ги споделивме нашите искуства што ни се случуваат последната година. Денеска имаа можности бизнисмените и сите други да слушнат дека имаме 737 милиони долари СДИ во 2018 во споредба со 205 милиони долари во претходната година или за 260 % поголеми во споредба со просекот од претходните години, како расте индустријата и се намалува невработеноста“

Нашата држава е светла точка во Западниот Балкан. Ја искористивме оваа можност дополнително да ги информираме компаниите за економските политики на Владата и да ги промовираме можностите за инвестирање во земјава, истакна вицепремиерот Анѓушев во своето обраќање.

„Фокусот на Владата е да привлекува реномирани странски инвеститори, во изминатите две години 20-ина компании започнаа со инвестициски проекти, имаме рекордно ниво на странски директни инвестиции, раст на бруто домашниот производ, намалување на невработеноста, се се тоа позитивни економски параметри кои го мотивираат интересот на инвеститорите за нашата земја. Република Северна Македонија ја презентиравме како одлична дестинација за инвестиции, но и како локација во која се произведуваат квалитетни производи кои се извезуваат во Европа и светот.“

Фајненшал Тајмс е трет значаен настан овој месец, на кој пред претставници на реномирани компании се претставуваат економските политики на Владата и можностите за инвестирање кои земјава ги нуди.

Покрај Заев и Анѓушев на форумот во Лондон присуствуваа и српската премиерка Ана Брнабиќ, како и албанскиот премиер Еди Рама кој во Лондон група граѓани го пречекаа со исвиркувања.

Хаос во Денвер: Брат му на Јокиќ претепа навивач во публиката (ВИДЕО)

Кошаркарите на Денвер Нагетс и во вториот меч во плејоф серијата славеа против Лос Анџелес Лејкерс, овојпат со 101:99, со што дојдоа до водство од 2:0 и комплетно го одбранија домашниот терен од исто толку натпревари.

Кошаркарите на Денвер Нагетс и во вториот меч во плејоф серијата славеа против Лос Анџелес Лејкерс, овојпат со 101:99, со што дојдоа до водство од 2:0 и комплетно го одбранија домашниот терен од исто толку натпревари, но вистинскиот хаос беше виден на трибините во режија на браќата на Никола Јокиќ.

Имено, на видеото кое се појави на социјалните мрежи може да се видат браќата на Јокиќ кои се во клинч со навивач, не се знае дали се работи за навивач на Нагетс или Лејкерс, но таму било и семејството на Јокиќ.

Страхиња Јокиќ, постариот брат на Никола, во еден момент жестоко се скарал со некој од трибините, тргнал кон него, а потоа го удрил со бокс.

Вториот брат на Јокиќ веднаш дошол да го смири Страхиња, а таму биле и сопругата на Никола, Наталија и ќерката Огњена, кои веднаш заминале.

@cgallegos67 #nuggets #nba #lakers #jokic ♬ original sound - Christian

Млад странски работник е убиен во Хрватска, најверојатно Украинец

Во центарот на Славонски Брод попладнево било пронајдено машко тело.

Полициската управа Брод-Посавина соопшти дека е приведено едно лице поврзано со инцидентот, објави Индекс.

Danas.hr дознава дека се работи за млад градежен работник од Украина. Тие наведуваат и дека конфликтот се случил во стан во центарот на градот каде што биле сместени работниците (родени во 90-тите).

За потсетување, полицијата соопшти дека околу 15:17 часот во куќата било пронајдено тело на маж и дека се води истрага, а потоа и кривична истрага која треба да ги расветли сите околности.

Драма на аеродромот во Њујорк- пет авиони ќе се судареа поради грешка на контролорите(ВИДЕО)

Авион на Swiss Air за малку ќе се судрел со четири други авиони на аеродромот Џон Кенеди во Њујорк, откако грешка во комуникацијата предизвикала авионите да слетаат на пистата во исто време.

Инцидентот се случи минатата недела, а сега го истражува Федералната управа за авијација, откако пилотот за среќа видел што се случува и го прекинал полетувањето, објави Њујорк Пост.

Во меѓувреме се огласил и менаџментот на компанијата.

„Поради високата свесност и брзата реакција на нашата екипа, избегната е потенцијално опасна ситуација“, се наведува во соопштението.

Роберт Самвалт, извршен директор на Боинг центарот за воздухопловство и воздушна безбедност на Универзитетот Ембри-Ридл за воздухопловни сили, изјави за CBS дека имало ситуација кога двајца контролори на летање не комуницирале што прави секој од нив.

„Тоа е целосно неприфатлива ситуација“, рече тој.

Џон Ненс, експерт за воздухопловство и соработник на ABC News, објасни дека „преместувањето на четири авиони преку активна писта е многу стресна задача, особено ако нема комуникација меѓу двајца контролори“, рече тој.

притисни ентер