Фејсбук ја претстави својата криптовалута со која имаат големи планови

Компанијата Фејсбук денеска го објави планот за лансирање на криптовалутата либра , така што од секторот социјални мрежи се шири кон онлајн трговија и глобално плаќање.

Фејсбук се здружи со 28 партнери во проектот Libra Association што ќе управува со новата дигитална валута. Според информацвиите , планираат да ја лансираат на почетокот на 2020 година.

Партнери во проектот се моќни компаниуи како Mastercard, Visа, Spotify Technology, Paypal, eBay, Uber Technologies, Vodafone Group, како и инвестициски компании од типот на Andreessen Horowitz .

Се надеваат дека со стартот на либра ќе се соберат околу 100 компании . Секоја членка добива по еден глас во носење на клучните одлуки за мрежата за тргување со либра , а компаниите мора да вложат најмалку 10 милиони долари , за да бидат дел од групацијата.

По првата година , Фејсбук нема намера да го задржи водечкото место меѓу членките.

Компанијата основа и филијала наречена Калибра , која ќе нуди дигитални паричници за потребите на штедење , праќање пари и потошувачка на либра.

Kалибра ќе биде поврзана со платформите на фејсбук за праќање пораки како Messenger и WhatsApp, кои веќе имаат над милијарда корисници.

притисни ентер