Списокот на нови министри ќе биде објавен во петок

Кои министри ќе останат без функциите ќе се држи во тајност до петок, кога премиерoт Зоран Заев се очекува и официјално да ја поднесе листата со министри до Собранието. 

Официјално не е соопштено, но ново име во неговиот кабинет ќе биде Горан Милевски, претседателот на Либерлано Демократската партија.

Тој не сака да коментира, но во телефонски разговор за Канал 5 изјави дека ЛДП очекува да добие министерство со ресор, што досега не беше случај.

-Не би сакал да коментирам. Одлуките за нови функционери е коректно да ги соопшти мандаторот, Зоран Заев. ЛДП очекува да добие министерство со ресор, Горан Милевски –пратеник и претседател на ЛДП.

Неофицијално, премиерот Заев предложил ЛДП да избере помеѓу култура и локална самоуправа. Но, сепак во партијата понаклонети биле кон ресорот локална самоуправа каде што се уште раководи Сухејл Фазлиу од партијата на Весел Мемеди.Зоран Шапуриќ од ЛДП кој раководи со министерството без ресор пак, се поизвесно е дека ќе ја отстапи функцијата на кадар на партијата на Мемеди. Со назначување на Милевски за нов министер, неговото пратеничко место во Собрание ќе го пополни пратеничка од СДСМ.

Она што е сигурно е дека култура, земјоделство и политички систем се тритересори кои сигурно ќе добијат нови министри. Според информации од ДУИ актуелниот министер за животна средина Садула Дураку ќе биде на чело на новоформираното министерство за политички систем, а неговото место во животна средина и просторно планирање ќе го пополни Насер Нуредини, син на бизнисменот Аки Нуредини.

На почетокот на идната недела најверојатно ќе се одржи и собраниската седница каде што пратениците ќе гласаат за новиот владин состав.

Од СДСМ не откриваат многу детали, освен дека до петок премиерот ќе ги соопшти промените кај високите функционери, а паралелно и на новите директори на државните институции.

Во меѓувреме од СДСМ најавуваат и внатрепартиски измени. Ветуваат дека во идниот период ќе се надгледува сработеното на функционерите на СДСМ. Доколку не ги исполнат очекуваните резултати од партиската програма, тврдат дека од нив ќе бараат одговорност.

За опозициската ВМРО ДПМНЕ целиот процес на реконструкција е само манипулација со која се прави ротација на актуелните функционери. И од албанскиот опозициски блок не веруваат на големи промени испоред нив се потребни предвремени парламентарни избори.

Мичел би можел да го замени Гвардиола во Манчестер сити

Управата на сè уште актуелниот европски шампион и англиски првак, Манчестер сити се подготвува за заминување на Пеп Гвардиола од клубот.

Информацијата за можна разделба на „Граѓаните“ со шпанскиот фудбалски стручњак ја објавија некои англиски медиуми повикувајќи се на инсајдерот Хорхе Пикон.

Сегашниот договор на 53-тригодишниот Гвардиола е со важност до 2025 година.

Главен кандидат за замена на Гвардиола е Мичел, кој моментално е тренер на Жирона.

Сити оваа недела беше елиминиран од Реал Мадрид, губејќи на пенали во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Тимот е лидер на табелата во Премиер лигата.

Гвардиола е тренер на Манчестер сити од 2016 година. Под негово водство тимот одигра 464 натпревари, на кои беа извојувани 342 победи, а 57 натпревари завршија нерешено. /МИА

Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа

Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски воздушен напад врз куќа во градот Рафа на југот на Појасот Газа, соопштија денеска палестинските власти.

Рафа, во близина на границата со Египет, е прибежиште на повеќе од половина од 2,3 милиони жители на Газа, кои избегаа таму поради тековните борби на северот на палестинската енклава.

И покрај повиците од светот за воздржаност, вклучително и од САД, израелската Влада со недели најавува копнена офанзива на Рафа, каде, како што тврди, се кријат многу борци на палестинското движење Хамас, против кое Израел води војна од октомври. /МИА

Сејдини: Модерна и прогресивна федерација, тоа е целта за сите нас

 Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, на денешното редовното генерално Собрание на федерацијата изрази задоволство од тоа како функционираат работите, но нагласи дека има простор за напредок.

- Ова за нас, како раководство на Фудбалската федерација на Македонија не е нов почеток, но веројатно е еден од најкомплексните периоди од работата во федерацијата. Одново да им помогнеме на другите да ја видат Фудбалската федерација на Македонија на начин на кој што ја гледаме ние. Модерна и прогресивна.

Се сметам за посветена личност, а односот кон сите обврски во изминатата година даваат оцена и приказ за мојата работа, но и работата на целата федерација. Сметам дека многу работи во нашата Фудбалска федерација функционираат доста добро, но знам дека има и работи што можеме да ги подобриме, рече меѓу другото Сејдини.

Првиот човек на ФФМ посочи дека само резултатот може да ги донесе навивачите на стадион, нагласувајќи ја фаворитската улога на репрезентацијата во Лига на Нации.

Ја потенцираше извонредната соработка со УЕФА и ФИФА и помошта која ја добиваме од нивните програми за развој на фудбалот и спортската инфраструктура.

притисни ентер