Тројно убиство во Белград

Српската полицијата открила три тела во септичка јама зад шопинг центар во белградската населба Сурчин.

Според тамошните медиуми, Драгослав Јовановиќ кој пред неколку дена ја убил својата сопруга а потоа и себеси, е осомничен дека ги убил и трите лица чии тела се најдени во септичката јама.

Станува збор за бизнис соработник на Јовановиќ, 42-годишниот Ш.Н., неговата мајка Ш.Д. и тетката П.М.

Убиецот наводно пред да ги убие ги измачувал жртвите.

Трите лица исчезнале не 11 јуни, а три дена подоцна Јовановиќ ја убил сопругата и извршил самоубиство. Дека има врска со трите исчезнати лица, се посомневал неговиот татко.

притисни ентер