Тајната врска на Колин Фарел и Елизабет Тејлор

Холивудскиот шармер, актерот Колин Фарел откри како ја завел славната колешка Елизабет Тејлор.

Колин Фарел е актер со бурно минато, многупати  е поврзуван со познати убавици, но јавноста е изненадена по неговата изјава дека бил во врска со 36 години  постарата колешка легендарната Елизабет Тејлор.

Фарел признал дека тоа била „неговата последна романтична врска “.

-Беше тоа последната врска барем во мојата глава, врска која сум ја имал и која секако никогаш не  била консумирана, изјавил Колоин Фарел.

Нивниот однос започнал кога Колин во болница го очекувал раѓањето на својот помлад син. Тогаш го сретнал менаџерот на славната актерка  кој му рекол дека токму сега на Лиз и вгадуваат стент. Колин го замолил да и ги пренесе неговите поздрави и бил уверен дека легендарната дива нема да знае за кого станува збор. Но, само две недели подоцна Елизабет му испратила орхидеи. 

Брзо потоа стапиле во контакт и нивната врска главно била преку телефон. Траела скоро две години. Колин потоа се пошегувал дека ќе стане нејзиниот осми сопруг, но околностите  сепак не им оделе на  рака за такво нешто.

Енди Мекдауел : Не се срамам од своите години!!

Убавата актерка Енди Мекдауел ја оправда титулата на една од најубавите актерки во Холивуд иако е веќе во седмата деценија од животот.

61 годишната Енди и понатаму изгледа одлично. Тоа го покажа и докажа на премиерата на својот нов филм „ Ready Or Not" одржана во Лос Анџелес, кога воодушеви со своето провокативно издание.

Енди на премиерата се појави во тесен фустан со голи рамена и со длабок шлиц на левата нога, поради што нејзината совршена става дојде до израз.

Фото: Во езеро крај Њујорк уловена риба со две усти!?

Необична риба уловена на езерото Шамплејн кај Њујорк, од водите извлечена риба со две усти!?

Деби Гибсон заедно со својот сопруг била на риболов на езерото Шамплејн кај Њујорк кога од водите извлекла страшно суштество.

Станува збор за риба со две усти. Деби фотографија од уловената риба со две усти веднаш објавила на социјалните мрежи.

Засега не е јасно дали станува збор за генетска мутација која била предизвикана од загадувањето или пак во прашање е „нормален“ изглед на риба од непознат вид.

-Кога го лапна мамецот мислев дека имам одлично парче риба на јадицата. Се бореше долго, мислев дека е поголема , но кога ја извлеков не можев да им верувам на очите што гледам. Рибата имаше две усти, се други беше потполно нормално. Брзо ја фотографиравме и ја вративме во езерото, изјавила Деби за локалните медиуми.

13 - годишниот Марко Пејчиновски ќе плива ултрамаратон за лицата со ретки болести

Тринаесетгодишниот охриѓанец Марко Пејчиновски на 28 август на празникот Голема Богородица, ќе плива соло маратон на Охридското Езеро во должина од 64 километри.

Тој ќе се обиде да го преплива таканаречениот триаголник Охрид-Св.Наум-Струга-Охрид, а подвигот, како што најави претходно, го посветува на лицата со ретки болести.

– После испливани илјада километри, напорни тренинзи, нервози, препреки, ветришта, бранови, дожд, ладно и топло време, официјално ви кажувам дека на празникот Голема Богородица, ќе пливам од Охрид до Свети Наум, преку Струга назад до Охрид", откри Марко на својот фејсбук-профил.

Тој минатата година направи подвиг за паметење, откако за околу девет часа го преплива Охридското Езеро од Свети Наум до Охрид. Тој е најмладиот пливач кој ја препливал таа делница, со што се најде меѓу легендите на пливачкиот маратон. Успехот на Марко е дотолку поголем оттаму што тој има доживеано инфаркт на коска на долните екстремитети.

Оваа година Марко пред себе постави сериозно голем предизвик со исклучителна хумана цел, да го сврти вниманието на јавноста, а пред се на општествените чинители, кон лицата со ретки болести кои секојдневно водат маратонски битки и се соочуваат со животозагрозувачки препреки.

За престојниот негов подвиг се изработени маички во бела и црна боја што ќе се продаваа по цена од 300 денари, со тоа што целиот приход собран од продажбата е наменет за помош на лицата со ретки болести.

Инаку, за минатогодишниот подвиг Марко ја доби Свети Климентовата повелба – највисоко признание што го доделува Општина Охрид, како и „Златна буба мара на популарноста".

притисни ентер